Карнозинот по својот состав е едноставен протеин кој е природно присутен во човечкиот организам. Неговите најголеми концентрации се во мозокот, срцето и во мускулните ткива. Разгледувајќи го неговиот хемиски состав, карнозинот е дипептид односно протеин составен од две аминокиселини (Бета-аланин и Л-хистидин). Со своето делување придонесува значително за нормалното функционирање на клетките и има посебен anti-age ефект на сите клетки од нашиот организам. Тоа значи дека на старите или оштетени клетки им ја враќа нормалната функција и им го продолжува векот и квалитетот.

Поради своето исклучително делување на организмот тој им станал многу интересен на научниците од целиот свет. Во Русија се користи веќе повеќе од 100 години, а се поголем интерес за него покажуваат и западните држави како број еден anti-age препарат. Се поголемата потреба на денешницата за здравје и подмладување, го става на водечкото место на додатоци во исхраната кои му даваат на телото здравје, сила и видливо помлад изглед.

Делување и својство на карнозинот

 

Карнозинот делува ефикасно против процесот кој доведува до влошување на состојбата или промената на структурата на клетките. Со тоа се спречува настанокот и развојот на разни болести. Неговиот одличен ефект најмногу се забележува кај автоимуните болести како што се дијабетесот тип 1, аутизам, болести на стареењето – Алцхајмерова болест, деменција, Паркинсонова болест и други. Некои од тие процеси настануваат поради делувањето на слободните радикали кои карнизонот како исклучително силен антиоксиданс, ги елиминира. Тој исто така делува инхибиторно на процесот на гликација (врзување на гликозата за белковините) што спречува да настанат компликации при дијабетес или штетни последици како катаракта, артериосклероза, намалување на бубрежните функции и сл.

Слично влијае и ја спречува и карбонилацијата (врзувањето на карбонилните групи со белковините) што доведува до нарушување на структурата на белковините и постепено до нивно целосно уништување. Подеднакво е важна и способноста на келацијата (способноста на исфрлање на тешките метали од телото, како што се бакарот, цинкот, железото, но и токсичните, како оловото, арсенот, живата, кадмиумот и никелот).

Поради своето делување во мозокот, карнозинот е познат по неуропептидните својства, што значи дека ги штити нервните клетки и има функција во пренесувањето на нервните импулси (невротрансмитер). Како таков ги подобрува когнитивните функции и помнењето и спречува настанок на Алцхајмеровата болест и деменцијата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина