Карфиoлот е зеленчук кој припаѓа на семејството на зелката, а оваа зелјеста билка во последно време го привлекува вниманието на истражувачите поради своите чудотворни моќи во борбата против ракот, вклучувајќи ги тука туморите на белите дробови, дебелото црево, дојките, мочниот меур и канцерот на јајниците. Антиоксидативните својства на карфиолот се важна тема на современите истражувачи. Хранливите материи во овој зеленчук се богати со антиоксиданси и токму тие помагаат во намалувањето на ризикот од рак, така што ја зголемуваат активноста на ензимите кои се вклучени во детоксификација на канцерогените материи. Карфиолот е богат со витамин Ц, кој може да го спречи настанувањето на ракот поради големото присуство на антиоксиданси. Исто така, содржи многу магнезиум, кој е важен во оксидорепродуктивниот механизам на нашето тело. Магнезиумот е доволно силен за нашето тело да го зачува од оксидативен стрес, со што се спречува ракот поради богатството од изотиоцијанати. Освен тоа, карфиолот го лекува нестабилниот притисок, остеопорозата, синузитисот, а помага и при тегови предизвикани од мозочен удар, дијабетес, егзема и други кожни заболувања. Било да го јадете сиров или сварен, како салата или лесно главно јадење, тој ќе ви помогне да се решите од несоницата и да закрепнете по непроспиена ноќ. Покрај антиоксидативното делување, карфиолот игра голема улога и како чистач на организмот од штетни материи настанати поради лоша и нездрава исхрана и како резултат на дејството на загадената околина и зрачењето.

Чувар на срцето и крвните садови

Поради големите количина на витамин Ц (во сто грама свеж карфиол има 80% дневна доза) и фолна киселина, делува превентивно против настанок на срцеви заболувања. Не содржи масти и натриум.

Покрај витамин Ц, карфиолот е богат и со витамините Б1, Б2, Б3, Б5 и Б9 и многу корисни фитохамикалии како и со калиум, минерал кој е мноу важен за равој на коските и мускулите.

Помага во редукција на хомоцистеинот во крвта, а се смета дека зголеменото ниво на хомоцистеин е поризично за здравјето на срцето и крвните садови од зголемениот холестерол. Одличен е и во превенцијата на ревматските заболувања и развојот на мултиплекс склерозата. Помага кај тегоби предизвикани од алергија, астма или инфекции на респираторниот тракт. Одлично делува при настинка и грип. Се покажал како одличен сојузник во борбата со воспаленија на непцата, болести на забите, усната празнина и фаринксот. Нутриционистите го препорачуваат како задолжителна намирница на жените кои влегуваат во менопауза, како и на припадниците на посилниот пол кои имаат проблеми со простатата. Покрај лековитите својства, карфиолот поседува и особини на моќен афродизијак. Иако спаѓа во зеленчук кој го поттикнува апетитот, им се препорачува и на сите оние кои се борат со вишокот килограми, бидејќи има мала калориска вредност. Од сите хранливи состојки, најмногу содржи вода.

Американската актерка Блек Лајвли честопати истакнува дека по раѓањето на својата ќеркичка, во јануари оваа година, во својата исхрана го ставила карфиолот, кои и помогнал брзо да го загуби вишокот на килограми. И, не само што и помогнал во тоа, бидејќи содржи многу малку калории, а цело богатство од витамини и минерали, карфиолот и ја ублажил и несоницата од која патела долго време.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина