Карелата традиционално се користи во готвењето и медицината кај народите во Азија, Африка и Јужна Америка. Ова тропско овошје му припаѓа на семејството Momordica sharantia и е едно од ретките кое има добиено потврда за лековитост од страна на официјалната медицина. Уште го нарекуваат горчлива диња, а е откриено во Индија, од каде во 14 век било пренесено во Кина, па и во другите делови во светот. Посебно е популарно меѓу Јапонците од Окинава, кои се познати по својата долговечност. Расте како лоза, со долги и исцепкани горчливи листови, кои се јадат, и жолти цветови. Најпознато е по исклучително горчливиот плод, кој по облик потсетува на брадавичеста тиквичка со издолжен облик, исто како кај краставиците. Додека е младо, има зелена боја, а кога ќе созрее станува портокалово – жолто. Кога е зрело, пука на три дела и се појавуваат многу светлоцрвени семки, кои се исто така горчливи и кои се јадат.

Карелата содржи малку калории, а незрелите плодови се ризница на витамините Ц, Б1, Б2 и Б3. Обилуваат со калиум и фосфор, магнезиум, цинк, манган, фолати, влакна и други корисни состојки, кои делувата поволно на имунитетот и на целокупното здравје. Ова овошје е природен инсулин, бидејќи содржи специфична состојка гликопротеин лектин, кој го намалува нивото на гликоза, односно шеќер во крвта. Освен тоа, ги чисти токсините од организмот и лекува псоријаза, го подига нивото на енергија и го олеснува дишењето. Делува и како имуномодулатор, затоа што екстрактите од неа ги засилуваат имунолошките функции на клетките, што е особено важно за болните од ХИЦ, карцином и други тешки болести. Постојат докази дека редовното консумирање на сокот од карела ги ,,изгладнува,, клетките на ракот и тие се уништуваат. Исто така, сокот делува антивирусно, ги чисти цревата од микроорганизмите, го ублажува варењето и го поттикнува слабеењето, ги олеснува проблемите предизвикани од дијабетисот и го забрзува зараснувањето на раните. Од исушените листови се прави чај против бактерии, кој го поттикнува варењето и лекува маларија.

Карелата не им се препорачува само на трудниците и доилките, затоа што нејзините состојки можат да предизвикаат контракции на матката, а доилките преку млекото ќе ги снабдат бебињата со материите од неа кои не се пожелни за нивната возраст.

Култна намирница

Карелата исклучително се цени во Индија, каде се смета за супер намирница. Традиционално се пие незасладен нејзиниот исклучително горчлив сок. Повеќе од една доза не се препорачува.

Со оглед на тоа што Индусите веруваат дека токму ова овошје е причина за нивната долговечност, виталност и добро здравје, тоа е често застапено на нивната трпеза. Горчината ја намалуваат така што ја маринираат во солена вода, го отстрануваат плодот и го полнат со разни зачини, кромид и лук, па ги врзуваат со конец и ги пржат во масло.

Губење на килограмите

Карелата или горчливата диња содржи голем број антиоксиданси. Антиоксидансите му помагаат телото да се реши од слободните радикали, но исто така и го забрзуваат метаболизмот, што значи дека телото поефикасно ги согорува калориите дури и во мирување, со што побрзо се губат вишокот килограми.
Горчливата диња воглавно се состои од вода, што значи дека може да се јаде во неограничени количини, без страв дека ќе се внесат премногу калории. А, со оглед на големата количина вода во себе, таа е одлична намирница која помага да не се јаде преголема количина храна.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина