Секоја недела нови студии ни кажуваат колку време залудно сме потрошиле правејќи погрешен вид на вежби, и колку време би можеле заштедиме правејќи нешто друго.

 

Во соопштение за печатот од Дјук универзитетскиот медицински центар беше изјавено дека кардио наместо тежинскиот тренинг е „оптимален режим на вежбање“ за губење на тежината.

Ова соопштение потоа беше споделено на социјалните мрежи од страна на голем број луѓе ,од кои огромно мнозинство не ја прочитале студијата на која е базирано.

Ако го стореле тоа, би виделе дека осум месеци aеробик вежби (во просек по два часа неделно ) доведе до само 1,7 кг. губиток на масти. Тоа беше спроведено на група поединци со прекумерна тежина, кои нормално ако се потрудат можат да изгубат неколку килограми во една недела.

Или поинаку кажано, испитаниците во оваа студија за осум месеци го направија тоа што може да се направи за осум дена.

Групата која комбинираше тежински тренинг и кардио вежби помина малку подобро, губејќи 5 килограми масти. Групата со тренинг за отпор речиси воопшто не изгуби масти.

Добивка во големината на мускулите, исто така, е многу мала. Групата со тренинг за отпор доби околу 1,3 кг. мускули. Испитаниците кои комбинираа вежби за отпор и аеробик додаде нешто помалку од 2 килограми.

Не треба да ве изненади тоа што овие резултати не беа пријавени во соопштението. Тоа е затоа што посветување на добар дел од една година за губење на 1,8 кг. масти не е воопшто „оптимално“.

Со оглед на тоа дека не беше направен обид да се контролира исхраната на испитаниците кои учествуваат во студијата, не е изненадувачки дека резултатите беа толку слаби. Единственото нешто што треба да се направи за да се согорат мастите е намалување на внесот на калории. Колку е поголем дефицитот, толку е поголема стапката на загуба на масти.

Можете тој дефицит самите да го креирате преку вашата диета. Можете да го креирате и со кардио вежби. Исто така можете тоа да го сторите и со тежински тренинг.

За да го подобрите составот на вашето тело, ви препорачувам да ги користите сите три начини.

Ако ви се допадна нашата статија, можете слободно да не следите на нашата фб страна и на нашиот YT канал.