Кардамом – лековит вавилонски зачин
Дали имате слушнато за кардамомот, зачин со необична арома, кој во исто време е ефикасен природен лек? Според старите историски записи, ова јужноазиско зимзелено растение е одгледувано во градините на древните вавилонски кралеви, додека Египќаните го користеле за свеж здив. Во стара Грција и Рим од кардамом се израборувале парфеми, а тој и денес е важна состојка на парфимериската индустрија.

После шафранот, кардамомот е најскапиот зачин во светот. Неговото семе се крие во зеленкасто-кафеава мешунка и има особено силен вкус кој потестува на лимон и еукалиптус. Меленото семе од кардамомот е еден од незаобиколните состојки на индискста и арапската кујна и без него е невозможно да се замисли традиционалниот арапски пилав, азиските слатки ниту пиењето на вистински индиски чај. Лековитите својства на кардамомот се посебна приказна: овој ароматичен зачин е исклучително ефикасен во третирање на проблемите на органите за варење. Кардамомот, всушност, го поттикнува метаболизмот и на тој начин го подобрува варењето, ублажува надуеност, грчеви, болки во стомакот, желудочни кислеини и мачнини. Кардамомот е, исто така, и добар диуретик, поради што се користи за решавање на проблеми на уринарниот тракт, а ефикасен е и во детоксикацијата на организмот и третирањето на инфекциите на забите и непцата, со оглед на тоа што е богат со цинеол, еден од најсилните природни антисептици.