Лековитите растенија и миризливи тревки во сеното имаат чудотворно дејство врз човековиот организам. Научниците во сеното пронашле околу 80 различни билки кои го чистат организмот и кои имаат превентивно и лековито дејство. Уште на почетокот на 19 век се знаело дека бањите во сено се постари отколку што тогаш се мислело. Векови пред тоа сиромашните кметови, слуги и слугинки и семејствата на рударите наместо да одат на доктор го користеле сеното за опуштање и лекување. Дури кон крајот на 19 век терапијата со сено била призната од страна на службената медицина.

Кметовите од секогаш имале обичај по напорната работа да спијат на колите со сено или во копите сено, а наутро се чуделе како тоа се буделе одморени и свежи, без болки во грбот или мускулите. Славниот композитор Лудвиг ван Бетовен, кој пател од едем на ногата, од селаните набавувал големи количини сено и се капел во него. Свештеникот Себастијан Кнеп, пак, ги има опишано лековитите својства на овој природен ливадски лек. Тој посебно ги ценел бањите со испарувачка топла вода во која имало сено собрано од ридските ливади.

Од здравствено гледиште, сеното е многу повеќе од само исушена ливадска трева. Тоа не е еднолична маса, туку се состои од цветови, семиња, стебленца и листови од различен број растенија. Често тоа се билки кои имаат пријатен свеж и ароматичен мирис, кој се ослободува при сушењето и кој му ја дава на сеното неговата карактеристична мирисна арома. Освен миризливите материи и етерични масла, важни состојки на сеното се и витамините, минералите, органските киселини и растителните пигменти. Поради тоа и денес сеното собрано од незагадените и природно обработувани ливади се цени како природен лек.

При бањите со сено, сеното достига температура од 40 42 °C. Оваа негова температура поттикнува потење, а порите на кожата се отвораат. Притоа, важните материи од сеното ги извлекуваат од телото вишокот на вода и отровните материи. Ваквата бања истовремено ја чисти кожата, ја поттикнува циркулацијата, делува смирувачки и релаксирачки и го јакне имунолошкиот систем.

Оние кои се склони на алергии исто така можат да го користат сеното во лековити цели. Влажното сено ја отстранува пелудната прашина, додека етеричните масла делуваат многу нежно. Поради тоа сеното не предизвикува никаква алергиска реакција.

Кои се тегоби може сеното да ги ублажи?

Терапијата со сено помага при бројни здравствени тегоби:

  • Реума
  • Артритис
  • Гихт
  • Невралгија
  • Болести на дишните патишта
  • Желудочни проблеми
  • Цревни тегоби
  • Проблеми со варењето
  • Нарушувања во размената на материите
  • Дебелина
  • Женски болести
  • Нарушување на потенцијата
  • Слаба циркулација
  • Нечиста кожа
  • Кожни заболувања
  • Слаба концентрација
  • Исцрпеност
  • Стрес
  • Нервоза
  • Несоница
  • На пролет: бањите во сено го поттикнуваат лачењето на штетните материи и чистењето на организмот

 

Бања од сено

Потребно е: 2 грста сено и 2 – 3 литри студена вода

Иситнетото сено се прелива со студената вода и се остава покриено да отстои 12 часа или преку ноќта. Потоа оваа смеса се вари на тивок оган околу 5 минути. Добиената течност се процедува и се додава во водата за капење. Капењето траае 15 20 минуи.

 

Вреќичка со сено

Платнена вреќичка или навлака за перница се полни 2/3 со сено, се затвора и се загрева над пареа со врела вода 30 – 60 минути. За тоа време вреќата не смее да ја допира водата. После ова време, вреќата се лади малку и се става на болното место. Се замотува со крпа или со волнена ткаенина и се остава да делува 45 – 60 миунути. Потоа треба да се мирува така уште најмалку 30 минути.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина