Калинката (Punica granatum) во Европа, особено во медитеранските земји, се одгледува уште од античките времиња, и потекнува од територијата на денешен Иран. Како растение кое што се одгледува, јаде, кое што е декоративно и лековито, калинката во древните времиња им била позната на Египќаните, Феничаните, Грците и Римјаните.

Калинката како ниско,разгрането дрво има испукана, сивкаста кора, а понекогаш е обрасната со трње.Листовите се овално долгнавести и сјајни, а за време на цветањето,на врвовите на гранките се препознатливи црвени цветови. И кората и цветовите на калинката се лековити, но, исто така, содржат и токсични материи, па затоа не се препорачувада се користат овие делови од растението,без надзор на фармацевтите.

Кората на големото, румено овошје има лековити својства, а во однос на тоа дека содржи танини и алкалоиди е една од најдобрите природни средства против цревни паразити и акутна дијареа. Покрај тоа познато е дека зрната се богати со витамини А, Ц и Е, железо, антиоксиданси, полифеноли, влакна и фолна киселина.

Експертите, кои со години вршеле научни истражувања,зрното од  калинката гопрогласиле за „прехранбен производ на 21 векисупереликсир”. Бидејќи, како што посочуваат тие, овие црвени зрна може дапомогнат да сеспречат болестите на срцето,ослободуваат од стрес, ја зголемуваат сексуалната желба, а традиционално се користат иза лекување нанастинкаи акутенгрип.

Покрај тоа,екстрактот одцелото овошје,вклучувајќи ги кората и семињата,го забавува стареењето на ДНК промените во клетките кои можат да предизвикаат оштетување на мозокот, мускулите, црниот дроб и бубрезите, како и стареењето на кожата.

Од зрната се прават производи и додатоци во исхраната, додека истражувањата покажуваат и на здравствените придобивки од сокот од калинка. Така се покажало дека калинката:

– Ги уништува клетките на белите дробови, на градите и стомакот, оставајќи ги здравите клетки “недопрени”

– Ја забавува појавата и прогресија на ракот на простата

– Го штити мозокот на фетусот доколку мајката пие сок од калинка за време на бременоста

– Го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта и го зголемува нивото на добриот холестерол

– Може да го  спречи влошувањето на ‘рскавицата на коските и да помогне во борбата против остеоартритисот

– Го спречува таложењето на штетни наслаги во артериите и ги намалува веќе создадените наслаги

– Штити од алергии

– Го забавува напредувањето на Алцхајмеровата болест

– Го намалува крвниот притисок за околу пет проценти

– Го спречува таложењето на забниот плакт

Ако ги исклучиме калинките одгледувани во оранжерии, калинката е единствениот плод кој што има црвени, природно зрели плодови во зима. Поради тоа, а како и поради нејзините лековити карактеристики, во зима треба почесто да се јаде калинка за добро здравје.

Зрната од калинка може да се користат и како додаток на солени салати, што им дава посебен вкус, или пак може да се служат со парчиња од портокали во овошни салати.

Чај од калинка

Потребни состојки:

-Лажица сушена кора од калинкa

-2,5 дл вода

Начин на подготовка:Ставете ја водата да зоврие, прелијте ја кората од калинка, поклопете ја и почекајте неколку минути за да ја промени бојата и испијте го чајот во случај на дијареа.
Напомена: На претерувајте со количината, бидејќи тоа може да предизвика вртоглавица и повраќање.

Сируп од калинка

Потребни состојки:

-Еден килограм зрна од калинка

-Еден килограм шеќер

Начин на подготовка:Во длабок сад наизменично ставете зрна од калинка и шеќер и покријте го садот. По 12 часа, промешајте, покријте го садот и во следните три до четири часа, промешајте повремено. Смесата потоа измиксирајте ја во во блендер, процедете ја низ газа, и веднаш ставете ја во стерилени стаклени шишиња и затворете. СОВЕТ ПЛУС: Сирупот е одличен додаток на чајот, како и на овошните пудинзи, салати итн.

Џем од калинка

Потребни состојки:

-2 кг исчистени калинки

-1,5 кг шеќер

Начин на подготовка:Во вечерните часови промешајте ги исчистените калинки и шеќерот во еден сад и поклопете го . Бидејќи до утрото ќе се исцеди многу сок, смесата промешајте ја, гответе дваесет минути и процедете ја. Сокот и испасираните зрна вратете ги назад во тенџере и на тивок оган гответе околу еден час до час и половина, додека не добиете густ џем.

kalinka_2

 

Салата “Руска нараквица”

Потребни состојки:
-3 моркови
– 3 компири
– 2 цвекла
– 3 јајца
– 100 гр мелени ореви
– 2 големи пилешки филети
– Поголема калинка
– Сол

За филот:

– 6 лажици кисела павлака
– 6 лажици мајонез

Сварените и излупени моркови, компири, цвекло и јајца крупно изрендајте ги (секоја намирница во посебен сад) а варените филети исечете ги на ленти.

Во центарот на послужавникот ставете длабока цилиндрична чаша и околу неа редете ги намирниците: компири, половина од цвеклото, моркови, ореви и половина од пилешкото, јајцата, потоа останатото пилешко и остатокот од цвеклото, но, секој ред на намирниците посолете го и премачкајте го со мешавина од мајонез и павлака (внимателно солете, поради тоа што мајонезот содржи сол).

Остатокот од филот намачкајте го однадвор и внимателно повлечете ја чашата од средината. Потоа салатата посипете ја со зрната од калинка и притиснете ги со рака за да се залепат на филот. Салатата ставете ја во фрижидер и по еден час сервирајте ја.

Освен одличениот вкус, овој “плод на рајот” може да понуди многу повеќе.

За што се е добра калинката?

 Го спречува стареењето

Калинката е антиоксиданс. Нејзиниот сок е добар за апсорпција на слободните радикали кои се наоѓаат во организмот.

Ги штити бубрезите

Најновите истражувања покажуваат дека калинката го спречува оштетувањето на бубрезите. Пред се, ги штити бубрезите од токсини.

Го штити и регенерира црниот дроб

Не само што нејзиниот сок го заштитува црниот дроб, туку, исто така, помага на неговата регенерација, доколку веќе е оштетен.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Калинката и сокот од калинка содржат многу витамин Ц, кој на сите ни е многу потребен, особено во периодот на зимата.

Елиминира алергии

Калинката содржи супстанци кои ги спречуваат биохемиските процеси поврзани со алергиските реакции.

Штити од болести на срцето

Неодамнешните студии покажаа дека калинката ја забрзува способноста на телото да го синтетизира холестеролот и да ги уништи слободните радикали во васкуларниот систем.

Штити од рак на простата

Истражувачите од еден универзитет докажаа дека сокот од калинка може да предизвика смрт на клетките на ракот.

Штити од рак на дојка

Научниците од еден универзитет ги надгледувале ефектите од сокот од калинка, како нутритивни компоненти, на ракот на дојката. Резултатите се објавени во еден весник со заклучокот дека сокот од калинка е многу ефикасен во спречување на ширењето на клетките на ракот.

Штити од рак на кожата

Ако јадете калинка, ќе се намали ризикот да добиете некои од главните видови на рак на кожата. Оваа студија е објавена од страна на дерматолозите.

Ја штити ДНК

Фитокомпонентите и антиоксидантите го штитат генетскиот материјал во организмот.

Го нормализира крвниот притисок

Претходните истражувања објавени во медиумите покажуваат дека калинката може да помогне во спречување на високиот крвен притисок, кој настанал од мрсна храна.

Го регулира метаболизмот

Калинката помага да се регулира шеќерот во крвта, се бори против воспалението и други фактори кои може да влијаат на метаболизмот. Многу од овие нарушувања би можеле да имплицираат појава на шеќерна болест, а калинката може да придонесе за намалување на телесната тежина.

Штити од инфекции

Новите истражувања покажуваат дека калинката, како лек, е ефикасна во борбата против грам-негативните бактерии. Многу грам-негативни бактерии се познати по тоа дека се отпорни на лекови.

Штити од појава на Алцхајмерова болест

Ова овошје може да не заштити од бавното губење на меморијата.

Штити од појавата на остеоартритис

Нејзините состојки и киселините кои ги содржи се покажале лековити во лекувањето на остеоартритис.