Често ве облива пот, без оглед на тоа кое годишно време е и колку е топло надвор? Можеби е време да го послушате своето тело и да сфатите што сака да ви порача со прекумерното потење.

 

Под стрес сте

 

Според миризбата на потта лесно можете да препознаете дали сте под стрес или не сте. Кога ни е топло, се активираат ендокрините жлезди кои се наоѓаат ширум телото и произведуваат пот кој воглавно се состои од вода и сол и нема изрзен мирис. Кога сме под стрес, потта ја произведуваат апокрините жлезди, кои се наоѓаат само на одредени делови од телото, како што се пазувите. Таа пот се состои од маснотии и протеини кои се мешаат со бактериите на кожата и така создаваат непријатна миризба.

 

Ширите позитива или страв

 

Истражувањата покажале дека оние во ваша близина можат да препознаат што чувствувате според миризбата на вашата пот. Во еден експеримент 36 жени морале да помирисаат примероци од пот од 12 мажи кои пред тоа гледале филмови кои имале задача да ги направат несреќни или да ги исплашат. Кога ја помирисале потта на исплашените мажи, миризбата им предизвикала слична реакција на страв и гадење. Кога ја помирисале потта на среќните мажи, таа миризба им предизвикала во нив блага реакција и насмевки.

 

Ви се заканува опасност од топлински удар

 

Се шетате за време на врел летен ден и во еден момент чувствувате дека повеќе не се потите и дека ви се врти во главата. Тоа што го имате доживејано се нарекува анхидроза, состојба во која не можете да се потите нормално и при која вашето тело не може да се ,,олади,, со потење. Ако во тој миг не го хидрирате веднаш телото со вода, ви се заканува опасност од топлински удар. Тргнете се во сенка или климатизирана просторија и напијте се вода. Никако немојте да пиете алкохолни пијалоци или напитоци со кофеин во себе, бидејќи тие предизвикуваат дехидрација.

 

Ви паднал шеќерот во крвта

 

Засиленото потење е еден од симптомите за нагло паѓање на шеќерот во крвта. Овој проблем лесно ќе го решите со консумирање чоколада или какво било слатко кое ќе ви падне в рака.

 

Бремени сте или влегувате во менопауза

 

Ако постои можност да сте бремени или пред менопауза, тогаш обратете внимание на потењето. Сите процеси во телото кои влијаат на ендокринолошкиот систем можат да предизвикаат засилено потење. Токму тоа им се случува на повеќето жени кои влегуваат во менопауза и се борат со валунзите. Слично нешто се случува и на почеток од бременоста. Тогаш хормонските промени предизвикуваат промена во ,,термостатот,, на мозкот, поради која можете да чувствувате жештина дури и во многу климатизирани простории и засилено да се потите.

 

Имте хипердриоза

 

Ако не можете да најдете причина за засиленото потење, посетете доктор, бидејќи можно е да имате хипердриоза. Тоа е состојба на прекумерно и неконтролирано потење, кое ги преминува потребите на нормална терморегулација на телото. Луѓето кои имаат хипердриоза се потат во мигови кога не би требале, на пример кога седат сосема мирно во студена просторија. Нивното потење е прекумерно до ниво кога во таквите мигови им тече пот од дланките.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина