Во блиска иднина, на пациентите ќе им биде многу тешко да ги лажат своите доктори за степенот на болка која ја поднесуваат. Причина за тоа е новиот пронајдок на австралијанските научници, кои, како што тврдат, ја откриле ,,бојата на болката,,. Научниците создале револуционерен тест на крвта кој ја идентификува хроничната болка врз основа на бојата која ја произведуваат клетките кога се испитуваат под посебно светло.

 

Австралијанскиот невробилог доктор Марк Хачинсон, кој го предводи ова истражување, вели дека тестот која ја идентификува болката врз основа на бојата на ,,биомаркерите,,, буквално ја одредува ,,бојата на болката,,.

 

 

  • Да бидеш во состојба да измериш нешто што претставува најчеста причина поради која луѓето одат на доктор, е нешто што јаменува лекарската пракса – истакнува професорот Хачинсон. – Во состојба сме да ја искористиме разновидноста на боите, со цел да добиеме одговор дали крвта потекнува од некој кој има болка или не – додава тој.

 

Револуционерниот пронајдок ќе биде од големо значење за луѓето кои не се во состојба да ја опишат својата болка, како што се малите бебиња или старите луѓе со деменција.

 

  • Тие луѓе не се во состојба да ја опишат својата болка, а ние до информација колку навистина тие патат можеме да дојдеме со едноставен тест на крвта. Тоа е навистина значајно – вели Хачинсон.

 

И некои поранешни тестови на крвта можеле прецизно да ја дијагностицираат болката, но за тоа биле потребни неколку денови. Со новиот тест резултатите се добиваат во истиот миг. Засега, тестот е способен и да воочи кога нема болка и кога е таа хронична. Научниците се надеваат дека набрзо ќе можат да идентификуваат и различни нивои на интензитет на болката.

 

Тагови: болка
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина