Некогаш жените со широки колкови и округол задник биле симбол за здравје и плодност. Нештата денес се малку променети, па секоја градба на телото добила некои нови карактеристики.

 

Обликот на телото зависи од генетиката, која го формира обликот на нашиот скелет, а преку него и сите други ткива. Кога ќе се погледнеме во огледало, нашите предиспозиии јасно се гледаат, па во него гледаме округол, четвороаголен, срцевиден или задник во облик на буквата В. Но, дали е сосема загубена врската помеѓу заобленото тело и плодноста? Карличните мерки, кои се важни во гинекологијата, и кои покажуваат дали една жена потешко или поелсно ќе роди, односно дали може детето да се роди по природен пат, е одредена поврзаност со тоа некогашно споредување. Низ времињата, заоблената градба добила еден голем минус. Се смета дека оние жени кои имаат крушковиден облик на телото се поздрави од оние кои имаат градба на јаболко. Заоблената градба доведува до формирање сало на стомакот, па со самото тоа и до ризик од разни хронични заболувања. Покрај генетиката, која игра главна улога, и начинот на живот исто така делува врз нашиот изглед. Задникот во облик на буквата В може да укажува на недостиг на физичка активност, неадекватна исхрана, стрес и проблеми со хормоните. Повеќечасовното седење има едно место е на листата фактори кои делуваат негативно на нашиот изглед. Меѓу типовите градби постојагт и такви кои добиле плус, па така за четвороаголниот задник се вели дека симболизира здравје, додека срцевидниот, односно крушковидниот облик на задник, во одреден број случаи, може да се поврзе со ризикот од срцеви заболувања.

 

Облици на задник и нивното делување врз здравјето

 

,,В,, облик

 

Овој облик се карактеризира со тесна половина и малку пошироки колкови. Задникот е всушност најширок во долниот дел од грбот, а потоа постепено се стеснува. Овој облик на задник е карактеристичен за постарите жени, на кои им се препорачува регулирање на вносот на масти, посебно на транс мастите, кои не би требале да ги консумираат.

 

Четвороаголен облик

 

Овој тип на задник се нарекува уште и ,,мускулест задник,,. Се карактеризира со слични димензии на ширината на колковите и задникот. Уште е познат и како ,,момчешка градба,,. Тешко се преобликува, па потребно е да се прават особено агресивни вежби за да се постигне тоа. Оние кои имаат ваков облик на задник најчесто се многу здрави, но во некои случаи можат да имаат малку сало на колковите, кое се елиминира со правење чучнувања.

 

Кружен  облик

 

Уште е попознат овој облик под името „цреша” или „јаболко”.половината е значително помала од задникот, кој е заоблен и полн.

 

Срцевиден/Крушковиден облик

 

Овој е најпосакуваниот облик на задник. Сепак, ако не се вежба, оние кои имаат ваков облик на задник ризикуваат да добијат срцеви проблеми.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина