Во последните неколку години, задникот е повторно симбол на сексапилот, женственоста и плодноста. Силуетата на песочен часовник се врати во мода, а на жените со малку поразвиен долен дел им се врати самодовербата. Но, дали знаете дека вашиот задник може да каже многу повеќе нешта за вашето здравје отколку што мислите?

Одвишно е да се каже дека дебелината и физичката неактивност се нездрави, но студиите покажуваат дека оние жени кои на вистински начин ги имаат распределени мастите, може да бидат поздрави од оние жени кои тоа не го имаат направено. Тоа може да биде показател дека вашето тело е подобро подготвено за борба против одредени болести.

Најпрво, не сите масти се лоши масти. Оние кои се складирани во задникот корисни се поради тоа што можат да ги задржуваат масните киселини од срцето, артериите и црниот дроб, па така се намалува ризикот од срцеви заболувања, но можат да значат и помал ризик за дијабетес. Сепак, мора да се внимава да не се седи предолго и да се вежба, бидејќи вишокот на масти во задникот може да предизвика хемороиди. Во продолжение, погледнете во која категорија припаѓа вашиот задник и дознајте на што треба да обратите внимание кога се работи за здравјето.

 

zadnik21

 

 

Четвороаголен или Х обик

Во задникот кај овој вид облик, мастите се распределени рамномерно. Луѓето со ваков задник се многу здрави, а доколку иаат малку сало на колковите, пожелно е да ги отстранат со чучнувања.

Округол или О облик

Кај задникот од овој вид мастите се распределени околу задникот налик на меур или цреша. Ако ова е вашиот облик, не морате да се грижите за здравјето – вие сте фит и телесно, но и духовно.

Срцевиден облик или А облик

Значителен дел од мастите кај задниците со срцевиден облик или крушковиден облик има тенденција да се концентрира околу горниот дел на бутот, а потенцијално би можеле да имаат срцеви тегоби. За да го спречат тоа, мора да вежбаат.

Свртен наопаку или В облик

Задникот со најширок долен дел кај грбот е вообичаен кај оние жени со ниско ниво на естроген. Ваков задник најчесто имаат постарите жени, кои мора да го регулираат вносот на масти, додека во никој случај не смеат да помислат на транс мастите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина