Вагината не би требало да мириса непријатно. Можеби имате забележано разни мириси на вагината, но сето тоа е добро додека спаѓаат во границите на нормалноста. Но, ако има необичен мирис, кој е повеќе остар и е поврзан или со непријатно пецкање или чешање, тогаш треба да се посоветувате со својот гинеколог колку што може поскоро. Исто така, мирисите и дезодорансите за вагина не треба да бидат дел од вашата пракса.

Мошусен мирис

Мошусна вагина е термин кој постојано се повторува кога зборуваме за мирис на вагина, но не сме сосема сигурно дали ни се допаѓа. Мора да признаеме дека ,,мошусен,, звучи како парфем на баба ни, а вагината мириса многу подобро од тоа. Но, тоа е мирис кој може да биде изразито силен на некои точки, бидејќи во тој дел има многу лојни жлезди. Доктор Џенифер Шира вели: “Здравата вагина обично има некаков вид на мирис, но мирисот може да варира од ден во ден во зависност од тоа колку сте активни. На пример, по напорен тренинг може да има посилен, мошусен мирис, поради околните потни жлезди – што е 100% нормално.

Без мирис

Зборуваме за мирис на вагина, но вашата вагина можеби и нема воопшто мирис. Гинекологот Лиса Ранкин вели: “По туширање, вашата вагина можно е да нема никаков мирис“, а ако не сте активни, не можете долго време да забележите некаков мирис. Но, нема причина за грижа.

Мирис на метал

Во текот на долг период се менува pH нивото, а тука е и мирисот на самата крв, така што не е невообичаено да се појави мирис на метал за време на менструацијата. Тоа треба да биде повремено и нема причина за загриженост, посебно ако се појавува и исчезнува за и по периодот на менструацијата.

Мирис на избелувач

Мирисот на избелувач звучи како силен и неприроден мирис за нормален мирис на една вагина. Но, тоа всушност се случува по сексот. Понекогаш тоа е мирисот од кондомот. Дури и ако не користите кондоми можете да го имате истиот проблем, бидејќи доктор Ранкин вели дека откако сте имале однос, може да почувствувате мирис на избелувач, како класичен мирис на сперма. Ова е исто така привремено и не може веднаш да исчезне.

Во суштина, сите жени треба да се грижат за мирисот на својата вагина, бидејќи тој е значително важен дел од целата прекрасна секси работа. Секоја вагина има свој посебен мирис, кој е комбинација од нормалните бактерии кои живеат во неа, од она што го јадете, начинот како се облекувате, вашето ниво на хигиена, навиките на цревата, колку се потите и како вашите жлезди лачат. Запомнете, оние жлезди кои се наоѓаат во близина на вагината исто така излачуваат феромони – хормони кои го привлекуваат сексуалниот партнер. Затоа, не претерувајте со вештачките ароми, заборавете на мирисите на праска, јоргован, роза… Ако ги користите често, ќе ја попречувате првобитната функција која вашиот мирис треба да ја постигне. Значи, бидете сопственик на својот мирис. Секако, ако сте загрижени закажете преглед кај гинекологот за да се уверите дека вагината ви е здрава и нормална.

Тагови: вагинажени
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина