Постојат 3 хормони кои се ослободуваат потикнати од вежбањето, кои Ве прават поздрави.

 

Редовната физичка активност може да помогне во намалувањето на крвниот притисок и нивото на холестерол, може да ви помогне да постигнете и одржувате здрава телесна тежина, да го намалите ризикот од депресија, срцеви заболувања, мозочен удар и рак. Губењето на тежината и контролата на шеќерот во крвта се две причини зошто би требало да вежбате, но постои уште една со која многу луѓе не се запознати: Кога се движите, вашите мускули ослободуваат хормони. Секогаш кога вежбате до пот, се произведуваат следниве хормони:

Хормонот: Иризин

 

Што е тоа: Попознат и како хормонот на вежбањето. Вежбањето предизвикува да отиде во крвотокот и да циркулира низ телото.

 

Како функционира: Една неодамнешна студија покажа дека, иризин-от ги репрограмира клетките да ја согоруваат енергијата, наместо да ја чуваат, што објаснува како вежбањето го подобрува вашиот метаболизам. Уште една неодамнешна студија од Велика Британија, откри дека луѓето со повисоко ниво на иризин во крвта имаат поголема веројатност да имаат повеќе теломери -капи на крајот на хромозомите кои стануваат се пократки како што стареете. Многу здравствени проблеми, вклучувајќи и рак, срцеви заболувања, Алцхајмерова болест се поврзани со пократката должина на теломерите.

 

Како да ги максимизирате предностите: ” Фокусирајте се на големите мускулни групи бидејќи тие содржат повеќе поединечни мускулни клетки”, вели авторот на студијата д-р Џејмс Браун.

 

Хормонот: Тестостерон

 

Што е тоа: Примарниот машки хормон, кој се излачува од тестесите и го зголемува сексуалниот нагон, но исто така влијае и на коските, косата и растот на мускулите.

 

Како функционира: По тренингот, нивото на тестостерон се зголемува по 15 минути до еден час во зависност од вашата возраст, нивото на фитнес подготвеност и од тоа колку интензивно вежбате. Вашето тело користи тестостерон кој циркулира и ви помага да изградите мускулна маса. Ниското ниво на тестостерон, може да придонесе за срцеви заболувања, вклучувајќи згрутчување на крвта и абнормален срцев ритам, како и дијабетес тип 2 и метаболичен синдром.

 

Како да ги максимизирате предностите: Започнете со аеробни вежби, па потоа започнете да вежбате со оптоварување: Испитаниците во едно истражување, покажале дури 41,4% пораст на тестостеронот, кога најпрво вежбале на статичен велосипед, па потоа преминале на вежбање со тежини, пр. кревање тегови на бенч клупата. На момците кои вежбале по обратен редослед тестостеронот им се зголемил за само 3,3 проценти после тренингот.

 

Хормонот: Пептид YY

 

Што е тоа: Хормон што се излачува во стомакот, кој дејствува на деловите на мозокот за намалување на апетитот и појава на ситост после јадењето.

 

Како функционира: Иако научниците не се сосема сигурни како тоа се случува, вежбањето го зголемува нивото на хормонот Пептид YY, што прави да бидете помалку гладни после вежбањето .

 

Максимизирање на предностите: Аеробните вежби се чини дека имаат поголема предност во зголемување на PYY нивоата во споредба со вежбите за кревање тежини. Но понекогаш, вежбите како прескокнување на јаже, имаат поголем ефект врз PYY, одколку вежбите како возење велосипед или пливање.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.