На падините на Светата планина Сонг Шан, која се наоѓа во срцето на Кина, постојат 72 манастири и светилишта. Тоа е место со мистична моќ и волшебна убавина, а со векови истата е место за средба на филозофи, основачи на религии и мудреци. Во нејзиното подножје се наоѓа манастирот Шаолин – родното место на будизмот. Тој е еден од најпознатите храмови во Кина, познат како колевка на кинеските и јапонските боречки вештини, а во исто време колевка и на кунг фу. Тука живејат и работат таинствените монаси на шаолинскиот кунг фу. Со помош на медитација и неверојатни телесни подготвености, тие се способни да ги надминат и законите на физиката. Додека ефикасноста во борбата е примарна функција на шаолинскиот кунг фу, понепосредна и поголема корист во нашето општество кое се придржува до законот е одличното здравје и виталноста. Со помош на исклучителната сила, флексибилност и големиот степен на издржливост на болка, оваа интересна група на будистички воини се има здобиено со светска слава и репутација. Еве како вежбаат тие.

Склекови на два прста

Загревањето започнува со штафетни трки во комбинација со скокови во далечина. Потоа следат склековите, кои тие ги прават само со два прста. Овие вежби не само што ги погодуваат градите, туку можат да доведат и до сериозни повреди ако вежбачот не е во добра физичка форма. Оваа вежба се прави во десет серии, а првиот дел од тренингот трае два часа. Потоа се преминува на боречкиот дел од тренингот, поточно на кунф фу. Постарите кунг фу мајстори во долги сесии им демонстрираат на помладите ученици. Многумина од нив имаат само 11 – 12 години. Она што е најимпресивно додека ги гледате Шаолин монасите е нивното целосно отсуство на сопствена сигурност. Но, тоа е така само наизглед, бидејќи со правилен тренинг овие тешки движења не се толку опасни.

saolin-sklekovi11111

Шеуји поза: Стоење еден час на глава

Позата шеуји, која вклучува стоење на глава со помош на раце, се изведува на почетокот 10 минути, потоа половина час, а потоа цел час. Овој тренинг во целост го одбегнува тренингот со тегови, со објаснување дека теговите не се потребни ако можеме да го кренеме целото свое тело со помош на рацете. Едно истражување спроведено во списанието Јournal of Strength and Conditioning Research, го споредила традиционалниот тренинг со отпор со тегови со пиометриските и калистеничните тренинзи и дошла до заклучок дека мускулите можат подеднакво да се набилдаат и со помош на традицонални вежби, како што се чучнувањата и мртвото подигање.

 

Shaolin-2

 

Режим на исхрана Мантау

Но, како овие свештеници успеваат да ги изведуваат овие интензивни тренинзи без градење на силна мускулна основа? Тајната лежи во Шаолин диетата која се вика Мантау, а се состои во јадење леб подготвен на пареа, обилни порции зеленчук и риба. Забележувате дека ваквиот вид исхрана е сосема поинаква од модерните уверувања дека протеините се клучни за градење на мускулите.

Пчениничните никулци кои се користат во Мантау диетата се богати со октакозанолом, алкохолно соединение кое го унапредува протокот на кислород во мускулите, како и на витаминот Е, кој ја намалува чувствителноста на мускулите. Тоа е храна која им помага на спортистите кои тренираат преку целиот ден и ја минимизира мускулната исцрпеност.

Тренинг: Седум дена неделно, од 05.30 до 18 часот

 

saolin33

 

Шаолинските монаси тренираат седум дена во неделата, од пет и триесет часот наутро до осумнаесет часот попладне, со пауза за ручек. По ручекот следи полчасовна дремка, која им служи да ја обноват енергијата за остатокот од денот. Истражувањата покажуваат дека токму триесетминутниот сон е најдобар за подобрување на времената реакција, будноста и ефикасноста.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина