Изгорениците од сонце не се само моментална опасност која ќе ви уништи некој ден плус од годишниот одмор, бидејќи претераното изложување на УВ-зрачењето може да доведе до најлошото – карцином на кожата. Оштетувањата на кожата предизвикани од УВА и УВБ ултравиолетовите сончеви зраци се главни виновници за црвенилото, односно за изгорениците на кожата.

До овие изгореници доаѓа кога премногу време минуваме на сонце и не користиме соодветна заштита. Исто така, тоа многу зависи и од типот на кожата кој го имаме и од интензитетот на УВ-зрачењето. Оние кои имаат светол тен, полесно се здобиваат со изгореници од оние кои имаат потемен тен. Посебно се чувствителни малите деца, кои освен со заштитен крем треба да се заштитат и со облека и да не се изложуваат на сонце од 11 до 17 часот во текот на летните горештини.

 

izgorenici11

 
За да знаеме дали сме добиле изгореници, доволно е да ја допреме кожата. Ако е изгорена, таа црвена и боли при допир. Посериозните изгореници може да предизвикаат отоци и меури, а дури е можно да се чувствуваат и следниве симптоми, кои се слични на оние на грипот – температура, мачнина, главоболка и слабост. Дури и кога е облачно времето и ни се чини дека нема потреба да нанесуваме крема за сончање, многу лесно ќе поцрвениме за половина час. Прво што треба притоа да се направи е да се појде до првата аптека и да се земат смирувачки гелови и слични производи на нив.
Доколку сепак само малку сме ја изгореле површината на кожата на телото, веднаш треба на изгорените места да се стави мраз замотан во памучна ткаенина. Или, препорачливо е туширањето со студена вода. Може одлично да помогне и студена бања, во која претходно ќе ставите зобени снегулки. Опуштете се полобина час, а зобот ќе ја регенерира кожата за тоа време. Пред бањата може да се намачкате и со мешавина подготвена од маслиново масло и оцет во еднаков сразмер. Намачкајте се со оваа смеса и оставете да отстои на вас еден час. Одлично средство за прва помош при изгореници се и јогуртот и киселото млеко. Се нанесуваат нежно на изгорените делови, се држат неколку минути, а потоа се мијат.

Може да помогне исто така и зелениот чај – може да се пие, но и да се нанесуваат од него облоги на кожата. Многу популарен природен лек е и алое верата, бидјеќи ја смирува кожата или креми со витамин Е. Стручњаците препорачуваат и чај од камилица, со која се намалува иритацијата.
Во случај да немате чај или јогурт, пробајте да ставите обичен сенф. Оставете го да се исуши, а потоа полека измијте го.

Она што секако треба да се одбегнува е мачкањето со било какви масни состојки, како што се путер или креми со маснотии. Тие ќе ја загреат оштететената кожа и со тоа само уште повеќе ќе ги влошат изгорениците. Тие само ги затвораат порите, а изгорениците побрзо ќе заздрават ако кожата може ,,слободно да дише,,.
Додека не оздрави кожата, треба да се одбегнува изложување на сонце и да се пијат многу течности за да се одбегне дехидрирање. Покрај вода можат да се пијат и незасладени чаеви.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина