Не е новина дека премногу сол не е добро за здравјето, но новото истражување покажало дека исхраната која содржи многу сол може да има штетен ефект и врз мозокот, не сметајќи ги проблемите со срцето и зголемениот крвен притисок.

 

Во студијата објавена во стручното списание Nature Neuroscience се наведува дека глувците кои биле на “супер солена” исхрана покажале знаци на значајно опаѓање на менталните и, воопшто, на когнитивнте способности, поради тоа што мозокот им имал послаба циркулација. По извесен период, за време на кој им била давана многу солена храна, глувците ги загубиле повеќето од своите научени вештини, кои барале решавање на одредени проблеми. Дури престанале да реагираат на вообичаен начин и на допирање на мустаците.

 

Овие промени во работењето на мозокот се појавувал дури и во ситуации кога исхраната со премногу сол не им го повишувала нивниот крвен притисок. Тоа укажува дека солената храна влијае врз организмот на начини  кои ги надминуваат сите познати досега, а кои се однесуваат на васкуларното здравје.

 

– Мозокот е примарна ,,цел,, на тие штетни ефекти на солта – се наведува во студијата. – Забележавме дека глувците кои беа хранети со намирници со висока содржина на сол покажаа значително опаѓање на церебралните функции, што е особено забележливо кај когнитивните способности.

 

За време на истражувањето, научниците им давале на глувците помеѓу 8 и 16 пати повеќе сол од вообичаено, во количина која е опишана како “виша крајност на спектарот на вообичаено консумирање сол кај луѓето,,.

 

Ова довело до намалување на циркулацијата во кортексот и во хипоталамусот, двете важни регии на мозокот, кои се задолжени за помнењето и учењето

 

  • По три месеци со ваква исхрана, глувците станаат дементни – изјавил доктор Константино Јадекола, од Корнел универзитетот во Њујорк.

– Глувците се многу љубопитни, и сакаат да истражуваат нови нешта, но со тек на време, поради ваквата исхрана, ја загубија способноста за воопшто да забележуваат нови објекти.

,,Ова е особено чудно, бидејќи кај глувците не е регистриран зголемен крвен притисок, се наведува во студијата.,,

Научниците велат дека имаат сосема доволно причини да веруваат дека токму истиот ефект се случува и кај луѓето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина