Како шеќерот влијае врз нашиот мозок?
Како што се покажало, шеќерот и не е толку ,,сладок,,. Покрај тоа што може да предизвика дебелеење и дијабетес, консумирањето храна заситена со шеќер е поврзана со бројни нарушувања во функционирањето на мозокот, вклучувајќи го и наслабнувањето на меморијата и на когнитивните активности. Докторите и професорите од медицинското училиште Кек, од Универзитетот од јужна Калифорнија, велат дека не се сите шеќери лоши. Нашите тела се тие кои претвораат најголем дел од нашата храна во шеќер. Добриот шеќер, или гликозата, се наоѓа во јагленохидратите, како што се лебот и пастата. Друг вид на шеќер е фруктозата. Кога ја консумираме од овошјето и зеленчукот, таа не е штетна, но ако се консумира од храна како што се соковите, било која преработена храна, зачини и прелив за салата или брза храна – фруктозата може да биде штетна по здравјето.
Фруктозата не ги стимулира хормоните како инсулинот, кои се важни за чувствување ситост – вели докторката Кетлин Пејџ, професорка на медицинското училиште Кек. – Шеќерот предизвикува зависност. Потребно е само едно залче шеќер за стимулирање на мозокот за да ослободи допамин, природна супстанција во нашот мозок која е заслужна за нашите копнежи и мотивации. Истата супстанција предизвикува зависниците од алкохол и дрога постојано да бидат под дејство. Испитаниците кои учествувале во студијата на ова училиште се нашле пред тежок избор: дали сакаат веднаш да им биде сервирана вкусна храна, или сакаат за месец дена да им се испратат пари на домашна адреса. Пред самиот тест, некои испитаници јаделе гликоза, а други фруктоза. Оние испитаници кои консумирале повеќе фруктоза, доброволно се откажале од парите, со цел веднаш да јадат висококалорична храна.
Шеќерот влијае на стареењето на кожата. Премногу шеќер го уништува еластинот и колагенот во нашата кожа, кои и помагаат на кожата сама да се обновува. Штом еднаш ќе се појават овие привремени брчки, не постои начин за нивно отстранување. Шеќерот го отапува нашето чувство за ситост. Честото и претерано консумирање шеќери може да ги оштети сензорите кои не штитат од прејадување. Кога мозокот не ги ослободува хормоните кои сигнализираат дека сме сити, продолжуваме да јадеме. Шеќерот го намалува неутрофилниот мозочен фактор (BDNF), кој му помага на мозокот во учењето и помнењето нови информации. Кога нивото на BDNF е ниско, немаме голема можност за да учиме нови нешта. Некои истражувања пронашле поврзаност меѓу ниското ниво на BDNF и Алцхајмеровата болест, депресијата и деменцијата. Елиминирањето на шеќерите од исхраната може да предизвика иста реакција како при оставањето на дрога – анкциозност и тресење. Најдобриот начин на кој може да се намали внесувањето на фруктоза е преку намалување на консумирањето дополнителни шеќери засладувачи.