Широки и силни рамена се основа на добриот изглед на мажите, Токму овој детал е заштитен знак за еден од најпознтаите глумци на денешницата, големиот Вин Дизел, кој сигурно сте забележале дека во многу сцени се појавува само во поткошула која овозможува една величествена глетка на неговата горна мускулатура.

Со оглед на тоа дека само малку мажи ја имаат таа среќа да имаат генетска предиспозиција за толку широки рамена, на другите им преостанува со вежбање да го постигнат посакуваниот изглед. Заради тоа, тренингот на Вин Дизел е можеби и најдобриот шаблон, со кој со неколку дополнителни варијации, може да се постигнат големи резултати.

Она на што посебно треба да се обрне внимание е тоа дека мускулната група на рамената е најмногу склона кон повреди, посебно при изведувањето на вежби со големи тежини. Заради тоа, треба да се посвети големо внимание на подготвителните вежби (вежбите за загревање).

Програмот се состои од две фази – Фаза 1 и Фаза 2 од Тренингот, а за онаа која е најважна за здравјето и самиот успех на тренингот е Првата фаза, која би требало да изгледа вака :

1.Развлекување на јаже

slika1

Земете го јажето во ширината на рамената, па подигнете ги рацете до крајните горни точки до кои можете. После тоа, внимателно продолжете да кружите спуштајќи ги рацете со јажето во потполност позади грбот. Оваа вежба бара потполна подвижност на зглобовите на рамената, и претставува одличен начин за подготовка на вежбањето со големи оптеретувања.

Треба да се направат три серии со по десет повторувања.

2.Венец со тегови

slika2

Опфатете еден тег од двете страни и качете го над главата. Со двете раце кои така го држат тегот, направете круг околу главата, ротирајќи го тегот на тој начин што тој ќе оди прво на една страна, па позади главата, па на другата страна.

Од оваа вежба направете три серии со по осум повторувања

3.Y-T-W-I Вежби со тегови на коса клупа

slika3

Легнете на стомакот на бенч клупата подигната на некој нагиб од 45 степени, и земете по еден тег во двете раце.Исправете ги рацете кон напред, а во следната позиција свиткајте ги лактовите кон телото правејќи ја на тој начин Y положбата. Наредното движење се изведува со ширење на рацете, така што телото има изглед на буквата Т. Враќајки ги лактовите наназад ќе ја направите W положбата, а со враќање во почетната положба телото ќе има изглед на буквата I.

Од оваа вежба се препорачуваат три серии со по осум повторувања (во сите насоки)

4.Пајаково одење

slika4

 

Врзете ги рацете со јаже околу зглобовите и со дланките допрете го зидот во висина на стомакот. Правејќи замислен чекор нагоре до максималното затегање на јажето, дојдете до висина на главата, па повторно спуштете се према доле водејќи сметка за тоа мускулите на рамената навистина да си ја вржат работата.

5.Растегнување на јаже

slika5

 

Земете отпорен конец и растегнете го во ширина на рамената, развлечете го максимално ширејќи ги рацете и составувајќи ги плешките на грбот. На крајот на секоја серија одново фатете го јажето, за вежбата да биде поефикасна. Од оваа вежба се препорачуваат три серии со по десет повторувања.

 

Дури после оваа фаза на темелно загревање, рамената се подготвени за вистински напори со минимум ризик од добивање на некоја повреда, што е стандардна појава за време на вежбање на овие активни мускулни групи.