kako-se-topat_masti2

 

За да стопиме нешто потребно е енергија, таа енергија се наоѓа насекаде во нашето тело во мускулите, помеѓу органите и служи за одредена цел:

1.Термо изолација

2.Заштита од удари

3.Резервна енергија

4.Есенцијален нутриент

Процесот на топење масти се вика липолиза и се случува кога телото има недостаток на енергија и кога резервите на гликоген се на нула, тогаш 100% се топат маснотиите.

Мастите имаат 9 кал енергија или дупло повеќе енергија од јаглехидратите и протеините кој имаат 4 кал на 1 грам енергија.

Човек со 30% масти и 100 кг има резерви да издржи без храна  3-6 месеци, што е неверојатно многу.

Мастите денес имаат лоша репутација и се сметаат за нездрав нутриент и маркетот за ниско маслени производи е доста профитабилен бизнис денес, па затоа наместо масти индустриите додаваат шеќери за да додадат вкус на продуктот.

Мастите се есенцијален нутриент и се потребни за одржување на хомеостазата во телото.

Особено се важни масните киселини како омега 3 и омега 6 кој мора секој ден да се внесуваат во исхраната во одреден сооднос.

Ок доста наука, сега кажи ни како да ослабнеме?

Мило ми е што прашавте.

Како човек што цел живот пробал се од разни диети, препарати, суплементи и секакви апчиња за слабеење можам да кажам дека целосната промена е потребно трпение, посветеност и дисциплина кон целта.

А која е целта?

Целта е да ги промените животните навики кон исхраната, да ги замените сите процесирани храни со ниско калорични алтернативи ( зеленчук на пример) и да се движите секој ден барем 30-60 минути.

Активноста е битен дел од сечиј живот заради фактот што го подобрува расположението на личноста, намалува глад и ве трга од вашето комфортно место вашиот храм каде што има достапност на храна и лесно може да бидете манипулирани да се препуштите на вашите емоции.

Од лично мое искуство можам да кажам е дека на човек не треба да му се кажува да јаде здраво, тоа е како да му кажеш на алкохоличар пиј сечена вотка, во кое и во двата случаеви не успева човекот да се промени и да си го подобри животниот стил.

За да се променат навиките освен тоа што треба да се работи физички, треба и да се работи и на вашиот однос спрема храната и како таа може да ви ја помогне до зацртаната цел.

Сите имаме ние цели дали краткотрајни или долготрајни што можат да бидат полезни, но за да бидеме поблиску до неа е потребно секојдневна промена.

Тоа важи за сеЧод вашето дневно седење на фејсбук, преку поголема активност надвор(пешачење), па се до едукација за како правилно треба да се комбинира исхраната.

kako_se-_topat_masti1

 

 

За да промените животни навики потребно е да имате реални цели, краткотрајни цели и долготрајни цели.

Краткотрајните цели се сите цели што можат да бидат доста ефективни сега во моментот, тие се:

Легни си од 10-12 часот секоја вечер

Јади нискомаслено млеко секој доручек со овес секое утро

Имајте секој ден активност од 30-60 минути

Пијте 12-16 чаши вода секој ден

Конзумирајте 3-6 порции зеленчук и овошје секој ден

Имајте некаков вид на протеин во секој оброк

Елименирајте благи рафинирани и процесирани храни и сувомеснати преработки.

 

Долготрајни цели се сите цели што не можат во моментот да дадат моментални резултати но се резултат од исполнување на краткотрајните цели.

1.Подобро спиење од редовен сон

2.Вежбање 2-3 пати неделно со слободни тежини

3.Почнете да следите калории и макронутриенти

4.Подигнете ја својата тежина во главните функционални движења : Чучњеви,мртво кревање и бенч прес

5.Губете 2-5 кг месечно 0.25-1 кг неделно.

6.Подигнете 2 пати од својата тежина во бенч,мртво кревање и чучњеви(функционални вежби)

 

Сите овие можат да бидат на почеток тежки за секој почетник, нормално сите нови задачи имаат прашања од нивниот слон(емотивниот дел) кој едноставно му треба водич низ секоја промена.

Емоциите се голема работа кога се работи некоја промена.

На секоја индивидуа му стојат прашања од типот:

Што треба да јадам секој ден?

Леле ова е претешко не можам…

Може ли да јадам чипсови,благо, пецива и да ослабнам?

Што ако згрешам со диетата и се прејадам?

Што ако моите другари ги изгубам и моите родители не ме подржат во мојата промена?

На кого да му се ослонам кога правам некоја грешка и како да ја поправам?

Сите емоции и прашања се затоа што има несигурност во индивидуата и таа бара правец низ кој ќе ја премине таа бариера, не е доволно само да се рече јадете здраво, треба да се вежба и само дисциплината и здравите навики што секој треба да биде свесен кога прави грешка.

Емоциите се главен двигател за промена, тоа се работи од тоа да станувате рано, вашата трансфомација , прејадување со благи,колачи, торти и сите храни богати со калории се затоа што не индивидуата е мрзелива или не сака да се промени, туку до сега не и дал некоја причина  за да го промени тоа и правец кој е подобар од сегашната нејзина состојба.

Затоа при работа со клиенти со прекумерена тежина би препорачал да го вежбаат и мозокот исто и како мускулите и по препорака да посетат некој психолог.

Психологијата е тема што сеуште ја откривам и ја практикувам со моите клиенти со прекумерена тежина.

Запомнете дека нема човек што не прави грешки.

Тоа е човечки и од нив се учи.

Тоа што не е човечки е дека човек избира свој пат и тој е погрешен и никогаш не ве вади од таа комфорт зона.

Треба труд, потење, дисциплина и труд не секогаш ќе ја постигнете целта но никогаш не се откажувајте, има секогаш начин!

Ако ви се допадна статијата споделте ја со вашите најблиски, затоа што сигурно ќе им се допадне секоја информација што ја споделуваме.