Сите мажи и жени сакаат извајани стомачни вежби и плочки, но за тоа треба добро да се испотите. Од оваа причина постојат голем број приказни и митови. Стомачните мускули се едни од најчестите и најпопуларни, само затоа што тешко се доаѓа до цврст стомак. Еве кои митови поврзани со стомачните мускули се неточни, а во кои сите веруваат.

Погледнете во продолжение за што се работи.

 

1. Некои се родени со стомачни мускули

Точно е дека некои мажи се родени со брз метаболизам, па не се дебелеат толку брзо, но факт е дека секој маж има стомачни. Поентата е во тоа што тие кај некои мажи се прекриени со дебела покривка од сало. Тоа значи дека секој маж може да добие стомачни мускули, само ако добро се помачи и ако тоа навистина го сака.

2. Исхраната не е важна, тренингот е поважен

Ова во целост е неточно. Секој ден можете да правите по 5000 стомачни мускули, но ако се храните неправилно, вашиот стомак и понатаму ќе биде желатинозна маса.

3. Одредена храна влијае на стомакот

Ова е исто така неточна информација. Храната не може да делува на одредени делови на телото. Таа влијае на целото тело, што значи дека одредена храна нема да ве спаси од тешки и напорни вежби.

4. Класичните вежби за стомачните мускули се доволни

Иако овие се добри вежби, не се доволни за од вашиот стомак да направи ренде за сирење. Потребни се многубројни стимулации на стомакот за тој правилно да се активира.

5. Стомачните вежби со прекрстени раце се најдобри

Тоа што сте ги прекрстиле рацете не значи дека сте ја отежнале или напреднале вежбата.

6. Можете да го активирате само долниот дел од стомакот

Сигурно имате слушнато дека некои вежби го активираат горниот или долниот дел од стомакот. Ова е делумно точно. Тие вежби имаат поголемо влијание на тие делови, но кога се прават вежби за мускулите на стомакот, сите стомачни мускули се во движење.

7. Подобар е побрзиот тренинг

Некои мислат дека е подобро ако направат 1000 стомачни вежби за 10 минути, но со тоа не постигнува никаков ефект. Потребен е голем број на повторувања за да се активираат стомачните мускули, а тука брзината не игра никаква улога.

8. Справите влијаат подобро на стомачните мускули

Стомачните вежби во седечка положба или на стомачни вежби на справи ќе имаат ист ефект. Поентата е справите да ги користите како замена и да се трудите што почесто да ги менувате вежбите кои ги правите, бидејќи на тој начин најдобро ќе ги активирате мускулите.

9. Не треба секој ден да правите стомачни мускули

Иако е потребна пауза од тренингот, стомачните вежби се исклучок од тоа. Стомачните мускули може секој ден да ги правите во умерена доза.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина