Мислиме дека јадеме чоколада затоа што е вкусна или поради зависноста од шеќер, но најновата студија објавена во списанието American Medical Association нашла врска помеѓу зголемената потреба за чоколада и депресијата.

За чоколадата одамна се верува дека го подобрува расположението и до сега многу студии ја проучувале дали постои таа врска. Но, резултатите од најновата студија докажале дека депресивните луѓе консумираат многу повеќе чоколада од оние кои немаат симптоми на депресија. Врската помеѓу расположението и депресијата е специфична за чоколадата повеќе отколку за кој било друг вид на храна која би можела да влијае на расположението: како што се кофеинот, мастите, јагленохидратите и енергетската храна.
– Нашата студија го потврдува сомневањето дека луѓето јадат повеќе чоколада ако се чувствуваат потонато – вели професорката Беатрис Голомб од Медицинската школа во Сан Диего, САД. Студијата само покажува дека врската постои, но не објаснува зошто. Учесниците во студијата, вкупно 930, не биле на антидепресиви, не биле следени во текот на некој период, па не се знае дали консумирањето чоколада само го ублажува или го брише тажното расположение.
Научниците велат дека се отвораат многу можности чоколадата да се користи како природен лек против депресијата, до идејата дека може да има извесна улога во управувањето со депресијата.

Сепак, овие состојки се присутни во мали количини во неа, од кои некои се толку мали, што не можат да предизвикаат некаков ефект. Состојките во чоколадата можат да поттикнат засилено производство на серотонин, а можат и да предизвикаат воспаление во телото, кое може да биде виновно за желбата за слатко, како и за депресијата.

Чоколадата сама по себе можеби може да го подобри расположениео, но другите состојки кои и се додадени, како што се трансмастите, можат да го влошат или дури и да го свртат ефектот врз расположението. Потребни се уште многу студии за попрецизно да се одреди како чоколадата делува на расположението и дали влијае директно на депресијата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина