Штом ќе сфатат дека не се случил оргазам кај партнерката, мажите се наоѓаат во една од четириве ситуации:

1. Сигурно нешто не е во ред со мене, јас сум апсолутно безнадежен. Што не е во ред со мене?”
Овој човек автоматски претпоставува дека проблемот е во неговиот пенис. Тој одбива да мисли дека може да биде, на пример, тешкиот ден причина за тоа. Не. Според него, оргазмот изостанал затоа што пенисот му е мал или кус, дека не направил се стручно или дека се било пребрзо.

2. Дипломат во кревет
Тој знае дека не направил ништо погрешно, но нема да се откаже. Ќе се обиде да направи се што е во негова моќ за да и биде попријатно на парнерката. Можеби да ја промени положбата? Или да ја промени температурата и влажноста во просторијата? Тој ќе ја преобликува целата соба според Фенг Шуи, само партнерката да доживее оргазам.

3. “Ама ајде, жените не доживуваат секогаш оргазам
Овој тип е безобзирен и себичен љубовник. Нему во суштина не му е важно дали партнерката уживала или не во сексот. Откако го достигнал врвот, тој го зема далечинскиот управувач и почнува да ги менува каналите, без разлика на тоа дали е жената е задоволена ли не.

4. “Чувствителен на потребите на својата партнерка
Ова е навистина совршен сексуален партнер. Тој е еден вид на разумна опција на дипломат во креветот. Ако партнерката му каже дека не доживеала оргазам, тој ќе и каже: “Ма, не грижи се. Можеби сакаш се уште да те милувам? Тој знае дека ТВ нема да му побегне и подготвен е да и пружи на партнерката онолку време колку и е потребно.

Трејси Кокс, познат стручњак за сексуални прашања, вели дека бариерите поврзани за оргазмот можат да се надминат. Непознавањето на сопственото тело е најчест проблем. Трејси за таа цел дава неколку совети што треба да се прави во креветот за да се постигне оргазам.

1) Променете го својот став

Една од најголемите пречки за постигнување оргазам е ставот кој го имате кон сексот. Ако го сметате за нештолошои валкано“, веројатно и самата помисла да се допирате ви е непријатна. Мора да сфатите дека сексот и задоволството кое тој го предизвикува се нормални нешта и да дозволите тоа да ве понесе.

2) Прифатете го фактот дека мора да учите за оргазмот

Женскиот оргазам не е автоматски. Речиси сите жени првиот оргазам го доживуваат и преку мастурбацијата.

 

3) Научете ја партнерката како да ви помогне

Треба да ја научите партнерката што треба да прави, бидејќи ќе и треба многу време за да го сфати тоа сама. Секако, тоа треба да биде суптилно кажано, а не со наредување.

4) Не трудете се премногу

Умот треба да ви биде фокусиран на задоволството и чувствата, а не на помислата дека партнерката треба да дооживее оргазам. Колку повеќе мислите на тоа, се повеќе сте понапнати и се подалеку ќе сте од тоа да ја задоволите жената да постигне оргазам.

5) Размислувајте за својата врска

Најдете соодветна партнерка, која ќе ве сака, ќе биде прекрасна и која едноставно ќе ве заслужува. Онаква која ќе сака да ,,соработува,, со вас во кревет, а потоа поработете на горенаведените предлози.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина