cigari1

Откако ќе почнете со пушење, вашиот сон никогаш нема да бидат ист.

Откажувањето од пушење речиси веднаш ќе го подобри квалитетот на вашиот сон. Луѓето кои никогаш не пушеле ретко имаат проблеми со спиењето. Земајќи ги во предвид сите други причини зошто треба да се престане со пушењето, навистина нема место за изговори.

Бројни студии, спроведени во врска со влијанието на пушењето врз здравјето, покажаа дека пушењето нема никакви позитивни ефекти врз здравјето на организмот. Пушењето цигари е поврзано со појавата на голем број сериозни болести и состојби, како што се рак, срцеви заболувања, рекурентни инфекции, анксиозност и депресија. Цигарите содржат голем број на токсични хемиски соединенија кои имаат штетно влијание на телото и го  нарушуват квалитетот на спиењето. Пушењето може да го оштети биолошки ритам и да предизвика проблеми со спиењето толку многу, така што тие можат да станат долгорочни.

Пушењето го менува биолошкиот ритам

Една студија покажа дека изложеноста на чадот од цигарите и пушењето влијае на биолошкиот ритам, и гените кои влијаат на белите дробови и мозокот. Ова го намалува квалитетот на спиењето. Кога научниците го проучувале делувањето на цигарите, на квалитетот на спиењето, откриле значително намалување на квалитетот на спиењето. Последиците од оштетен биолошки ритам се  одразува врз потребата на телото за спиење. На  пушачите обично им треба поголемо количество на сон, бидејќи нивниот сон е со лош квалитет и често се уморни, без оглед на количината на спиењето. Последиците од спиење со лош квалитет, се депресија, промени во расположението и анксиозност.

Пушењето го зголемува ризикот од апнеја при спиење

Истражувањата покажаа дека луѓето кои пушат имаат 2,5 пати поголем ризик од развој на апнеја при спиење. Апнеја е предизвикана од ослабените и опуштени мускули на задниот дел на грлото и може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Пушачите често  чувствуваат тешкотии во дишењето за време на спиењето и имаат тенденција да имаат повеќе паузи во дишењето, бидејќи чадот од цигарите го иритира ткивото на носот и грлото, предизвикувајќи оток и недостаток на воздух кој поминува низ респираторниот систем.

 

Пушачите често се будат во текот на ноќта

Кога научниците ги проучувале навиките на пушачи и непушачи, дојдоа до неочекувани резултати. Пушачите се со поголема веројатност да се будат во текот на ноќта и да се немирни во текот на спиењето. Дури 22,5% од пушачите, чувствуваат проблеми со спиењето и често се будат, бидејќи тие чувствуваат вознемиреност, без оглед на тоа што спијат. Тие, исто така, покажа дека непушачите изложени на чад од цигари, имаат послаб квалитет на спиење и често се будат во текот на ноќта.

На пушачите им треба подолго време за да заспијат

Слично на кофеин, и никотинот делува како стимуланс. Ова значи дека може да влијаат на квалитетот на спиењето. Една студија покажа дека пушачите со секоја испушена цигара, во просек губат околу 1,2 минути од сонот, поради стимулативните ефекти на никотинот и  симптомите на одвикнување, кои можат да се појават во текот на спиењето. Луѓето кои пушат два часа пред спиење,  потешко ќе заспијат, бидејќи никотинот се меша со природниот биолошки систем, а симптомите на одвикнување почнуваат да се појавуваат за време на будењето и пушачите се чувствуваат нервозни и немирни.

Пушењето го зголемува ризикот од несоница

Несоницата е најчесто предизвикано од серија на психолошки и медицински состојби. Сепак, несоницата може да биде предизвикана и од нездрав начин на живот. Тоа се најчесто недостатокот на вежбање, неправилна исхрана, прекумерното консумирање алкохол и пушење. Пушачите често страдаат од несоница, и една студија покажа дека најзагрозени се жените во средни години кои пушат.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз