Проучете го патот од чинија до фигура за да им дадете гориво на вашите мускулни влакна

 

1.Ајде да сумираме…

 

Откако ќе испразните се што се наоѓа во вашата чинија, ензимите од желудникот и тенкото црево ги разложуваат протеините, со цел да се формираат пептиди. Овие синџири на аминокиселини (пептидите) се користат како тули и малтер од страна на вашето тело за да се обноват мускулните влакна. Колку понапорно вежбате, толку повеќе ќе имате потреба од нив.

2. Експрес испорака

 

Понатаму, овие аминокиселини се испраќаат директно до вашиот црниот дроб, кој што ги пренасочува кон вашите гладни мускули. Вашето тело е многу поефикасна работна сила од оние каубои кои сте ги најмиле да го направат вашето продолжување минатата година.

3. Сигнал за помош

 

Замислете ги вашите мускули како снопови на долги влакна – вежбањето предизвикува микроповреди кои даваат сигнал на вашиот имунолошки систем да го испрати тимот за поправка (матични клетки и хормонот за раст). Градежните материјали (аминокиселините) потоа се користат за закрпување, репарирање на оштетените области.

4. Вашето тело, преобликувано

 

Вашата ДНК делува како надзорник: таа повикува точно одредени типови на аминокиселини и дополнително ја насочува нивната распоределба. Мускулната репарација се одвива преку користењето на аминокиселините со цел да се создаде мрежата на миофибрилите (снопови на протеини нишки), кои се од круцијално значење за мускулната контракција.

5. Изградба на мускулите

 

Новосоздадените миофибрили стапуваат во интеракција со оштетените области на вашите мускулните влакна. Но оваа поправка не е едноставна: миофибрилите исто така овозможуваат мускулите да станат поголеми и посилни во споредба со порано. Ако работа вреди да се прави, тогаш вреди да се направи како што треба.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.