Мразите кога се поместуваат стрелките на часовникот? Верувајте не сте единствени кои се чувствуваат така. Ова поместување за еден час нанапред може лошо да влијае на нашето зравје, а тоа го потврдуваат и научниците. Како главна предност од поместувањето на времето за еден час нанапред се наведува заштедата на енергија, но бројни доктори предупредуваат дека тоа делува лошо на целокупното зравје на луѓето и на животните, што резултира со главоболка, хроничен замор и несоница.

Научниците тврдат дека преминот на летното сметање на времето, кое се применува во Европа и во Северна Америка, доведува до бројни здравствени проблеми. Секое нарушување на сонот е лошо по здравјето, па затоа не зачудува тоа што еден час помалку сон може да предизвика срцев удар! Една студија спроведена во болницата Вилијам Бумонт, во Мичиген, САД, забележала дека на денот кога се поместува часовникот еден час понапред дури 71% повеќе случаи на срцеви удари отколку претходниот ден, додека наредниот ден бројот на срцеви удари бил зголемен за 17%!

Зошто е тоа така?

Едно американско списание за кардиологија се обидело да даде одговор на прашањето зошто токму кога се случува ова се случуваат драстични промени во оганизмот. Секакво нарушување на биоритамот и сонот, како и недостигот на сон, го подигаат нивото на хормонот кортизол и на крвниот притисок, што како последица има лошо влијание врз срцето. Недостигот на еден час сон е докажано дека го пореметува ритамот на хормоните во телото, со што се зголемува ризикот од добивање дијабетес и од дебелеење, а исот така е поврзан и со депресијата. Истражувањата покажуваат дека стапката на самоубиства расте токму во неделата кога се менува часовникот. Иритабилноста е исто така зголемена овој период, како и себичноста и склоноста кон расправии.

Како влијае на мозокот?

Во една друга студија било докажано дека учениците кои по смената на часовникот имаат испити, полошо минуваат на нив. Интернетските портали, пак, забележуваат зголемена потрага на забавни содржини, дури и за време на работното време.

Мора да се запомни дека на телото му е потребна една недела за да закрепне од телесен и ментален шок настанати како последица од промена на времето, па поради тоа треба да се биде внимателен и да се забави дневниот ритам колку што е можно повеќе. Помеѓу останатото, можеби можете да го забавите и својот автомобил, бидејќи претходно споменатата студија покажала дека поместувањето на часовникот еден час понапред се поврзува и со поголемиот број на сообраќајни несреќи неколку дена по промената.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина