Што е тоа што го прават јапонските девојки, а благодарение на кое имаат порцеланска кожа и витка линија? Тоа е, верувале или не, пиењето вода на празен стомак. Судејќи според бројните студии, оваа едноставна навика може да даде бројни резултати кога се работи за одредени здравствени проблеми. Еве кои се благодетите од овој ритуал.

1. Посвежи и поздрави

Неколку дена по започнување на овој ритуал ќе почнете да се чувствувате полесно. Ќе почувствувате како телото ви се решава од токсините.

2.Подобрување на метаболизмот

Повеќе не се чувствува глад која порано ве измачувала на секој час. Потребата за грицкање помеѓу оброците исчезнува и се добива повеќе енергија.

3. Помага во слабеењето

Покрај немање чувство на глад, и желудникот почнува побавно да работи. Тој вишок на енергија кој ќе го добиете ќе ве мотивира повеќе да вежбате.

4. Ги решава проблемите со желудочните киселини

Речиси нема човек кој нема проблеми со лошото варење и со киселини во желудникот. Но, откако ќе почнете да секое утро да пиете вода на празен стомак, овие проблеми ќе исчезнат и повеќе нема да се чувствувате ужасно по секој оброк.

5. Изгледот на кожата драстично се подобрува

Откко ќе започнете со оваа терапија со вода, брчките на лицето ќе се намалат и кожата ќе вистане поздрава и едноставно ќе сјае.

6. Косата почнува да изгледа подобро

Пиењето вода на празен стомак дава поздрав раст на косата, а таа почнува да изгледа и неверојатно посјајно.

7. Престануваат уринарните инфекции

Водата го решава овој проблем подобро од каков било антибиотик.

8. Нема да бидете болни

Овој едноставен ритуал го подобрува имунолошкиот систем, па многу лесно ќе се справувате со болестите без притоа да земате лекови.

Еве како да го искористите овој ритуал:

Веднаш штом се разбудите, пред да ги измиете забите и на празен стомак, испијте четири чаши вода. Ако ви е тешко да започнете веднаш со четири чаши, почнете со една, па со тек на време полека зголемувајте ја количината на вода. По пиењето на водата не треба да се јаде ништо во следните 45 минути.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина