Наглите промени на времето можат да бидат виновник за различни здравствени проблеми, посебно при процесот на премин на едно годишно време во друго. По зимските непогоди, снегот и многу ниските температури, нетрпеливо ја очекуваме пролетта и боите кои таа ги внесува во нашиот живот. Меѓутоа, честопати се случува нестабилноста во овој период на годината на температурите да не легне во кревет.

 

Наглите осцилации на температурите од високи на ниски и обратно, влијаат лошо врз крвниот притисок, срцето и циркулацијата, што на крајот може да доведе до разни тегоби како што се несоница, главоболки и замор, кои се проследени со чувство на нервоза и раздразливост.

 

Ова се само некои од начините како овие симптоми, предизвикани од промена на времето, да се олеснат:

 

Следете ја временската прогноза и подгответе го телото на температурните разлики

 

Како што секое утро проверуваме каква е температурата за да можеме да се одлучиме како ќе се облечеме тој ден, треба да проверуваме и дали има најави за драстични разлики помежу утринската и дневната температура, за да можеме телото да го прилагодиме на промената. Ако сте метеопат, веќе со појавата на првите симптоми на главоболка може да се напиете таблета и да се ослободите од сите проблеми.

 

Одете во природа и активирајте се

 

Кој било вид физичка активност во времетраење од половина час и повеќе ќе го направи телото поиздржливо и поотпорно на влијанијата од временските промени. Уште подобро е ако таа физичка активност се случува во природа, на чист воздух. Активностите во природа помагаат и за ослободување од стресот и намалување на шансите за појава на главоболки.

 

Разновидна исхрана, полна со витамини

 

Здравата исхрана богата со овошје и зеленчук, е добар предуслов за намалување на влијанието на времето врз вашиот организам. Покрај тоа, важно е и редовно да се пие вода. Стручњаците советуваат дека е потребно да се внесуваат од 2 до 3 литри вода дневно.

 

Заменете го кафето со растителен чај

 

Растителните чаеви влијаат на нервниот систем и поттикнуваат на опуштање, што директно влијае врз чувствата како што се заморот и раздразливоста, предизвикани од нагли промени на времето. Затоа во вакви денови наместо првото утринско кафе, напијте се чај од камилица.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина