Пливањето е одлична физичка активност, погодна за сите, без разлика на староста или кондицијата. Еве како тоа делува на нашето тело

 

За оптимално здравје се препорачува пливање од 30 минути секој ден, но и пливањето неколку пати неделно носи бројни благодети.

 

Зошто водата дава такво задоволство?

 

Човековото тело потонето во вода станува многу лесно. На пример, ако сте во вода до половината, носите околу 50% од својата тежина, а ако сте во вода до вратот, ќе почувствувате само 10% од својата тежина. Токму поради таа речиси бестежинска состојба престојот во вода е толку пријатен и релаксирачки.

 

Ја зголемува густината на коските и мускулите

 

Ако ги следите пливачките натпревари, сигурни имате забележано какви вретенести мускули имаат пливачите. Тоа е ефектот кој водата го има врз телото.

Пливањето е една од најдобрите аеробни активности која го активира целото тело – мускулите на нозете, рацете, грбот, стомачните мускули, а придонесува и за флексибилност. Во водата нема нагли движења. Целото тело и секој мускул мора да работи против отпорот на водата, кој е за околу 12 пати поголем од отпорот на воздухот, а зглобовите и лигаментите притоа не се под оптоварување. Од оваа причина пливањето е идеална активност за оние кои боледуваат од артиртис и други коскени заболувања на коскено-мускулниот систем.

Истражувањата покажуваат дека пливањето придонесува и за поодбра густина на коските, посебно кај жените во периодот по менопаузата.

 

Отстранува стрес и го подобрува сонот

 

Редовното пливање ги намалува стресот и нервозата и го подобрува сонот. Доволно е полека да пливате за да ги почувствувате и менталните благодети.

Додека пливате, насочени сте на сопствениот ритам на дишење, а истовремено го слушате шумот на водата, кој има релаксирачки ефект. Пливањето го продлабочува дишењето, со што се намалува нивото на кортизолот, хормонот на стрес, и автоматски го смирува целиот организам.

Одамна се познати позитивните ефекти од пливањето кога се работи за доброто распложение. Тоа се случува благодарение на испуштањето на хормонот на среќа, ендорфинот.

 

Согорува калории

 

Ништо не е толку ефикасно во согорувањето на калориите како пливањето. Дали сте знаеле дека за половина час пливање можете да согорите дури 200 калории? Тоа е за два пати повеќе од она што би согориле со одење.

Еве колку калории можете да согорите за 10 минути со одреден начин на пливање:

  • граден стил – 60 калории
  • грбен краул – 80 калории
  • слободен стил (граден краул) – 100 калории
  • пеперутка стил – 150 калории

Затоа пливањето е одлична физичка активност и за оние кои сакаат да го симнат вишокот килограми.

 

Ја подобрува работата на срцето

 

Освен што ги јакне големите мускули на градниот кош, пливањето го јакне и нашиот најважен мускул – срцето. Како аеробна активност, пливањето ја поттикнува работата на срцето и функцијата на пумпање на крвта. Придонесува и за здравјето на крвните садови и ги намалува воспалителните состојби во нив и така го намалува ризикот од настанок на артериосклероза.

Американскиот сојуз за здравје на срцето тврди дека 30 минути пливање дневно кај жените може да го намали ризикот од коронарни срцеви болести за 30% до 40%.

 

Го намалува ризикот од дијабетес и висок крвен притисок

 

Со полчасовно пливање еднаш неделно може да го намалите ризикот од мозочен удар и дијабетес тип 2. Дури и ако имате дијабетес тип 1, пливањето ќе ви помогне да ја зголемите чувствителноста на инсулин. Оваа активност го намалува и крвниот притисок. Затоа пливањето со умерено темпо им се препорачува на оние кои боледуваат од хипертензија.

 

Ја ублажува астмата

 

Благодарение на влажноста на воздухот, пливањето ја ублажува астмата и го зголемува капациетот на белите дробови. Поради поголемата густина на водата, белите дробови мора да работат поинтензивно за да обезбедат кислород за крвта, со што се подобрува нивниот капацитет и се намалуваат симптомите на астма. Тоа го имаат потврдено и истражувањата.

 

Го подобрува изгледот на кожата

 

Ова, секако, се однесува само на пливањето во морска вода, бидејќи познато е дека водата од базен има хлор во себе, а тој делува негативно на кожата. Морската вода е богата со минерали како што се магнезиумот, натриумот и калциумот, кои ја хранат кожата и ја прават поздрава. Благодарение на хидратацијата и детоксикацијата, со редовно пливање видливо се подобрува состојбата на кожата. Ја чисти од егземи, псоријаза и од акни.

 

 

Придонесува за долговечност

 

 

Познато е дека секоја физичка активност придонесува за подобро здравје и виталност, а пливањето значително го продолжува животниот век. Истражувањата спроведени меѓу повеќе од 40.000 мажи на старост од 20 до 90 години во текот на 32 години покажале дека оние кои редовно пливаат имаат дури за 50% помал ризик од смртност од оние кои трчаат или одат.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.