Порано сите ви завидувале на цврстиот задник, а сега тој ви изгледа млитаво, сплескано и со променет изглед? Причината не мора да биде само лошата исхрана или недостигот на физичка активност, туку и целодневното седење на стол. Кога седиме по цел ден, глутеусите не ни работат, а тоа не е лошо само за задникот, туку и за целото тело.

Мускулите кои не се активни стануваат се послаби и послаби, освен што изгледате лошо во фармерки, можат да предизвикаат болка во долниот дел од грбот, дури и во колената и глуждовите. Тоа често им се случува на оние кои се во средните дваесетти. Почнуваат да се фокусираат на кариерата и забораваат на телото. Повторно се свртуваат дурикога во огледало ќе видат дека задникот им станал опуштен и млитав. Тука може да страда и квалитетот на вашата кожа и поради таквиот начин на живот на задникот и на бутовите се создава целулит, бидејќи седењето влијае и на крвотокот.

 

Подесете ја висината на столот

 

Столот треба да биде наместен така што колковите да бидат малку над колената, a стапалата рамно да стојат на подот. Екранот на компјутерот треба да биде во ниво на очите, или малку под нивото, но не прениско,з а да не се ,,подгрбуваме,,. Лактите треба да се во висина на столот или малку над, никако под висината на столот.

 

Редовно движете се

 

Повеќе пати во денот станувајте и шетајте, а дома или во теретана посебно внимание обратете на задникот и на долниот дел на грбот. Доека седите на столот на работа, секојдневно стискајте ги и отпуштајте ги мускулите на задникот. По работа движете се колку што можете повеќе и лифтот заменете го со скалилата секојпат кога можете.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина