Брчките се највидливиот облик на промени на кожата, односно симптомот на стареење кој најпрво го забележуваме. Настанувањето на брчките е поврзано со опуштањето на ткивото. На крајот, кожата поприма изглед кој личи на изгужвана хартија. Брчките се се повидливи и подлабоки. Потпорното ткиво на кожата е секој ден се повеќе опуштено и брчките се продлабочуваат. Растегливиот протеин –  колагенот и дава на кожата младешки изглед, а истовремено е многу лесна цел за слободните радикали.

brcki naslovna

Постојаната изложеност на слободните радикали, со текот на годините предизвикува радикални промени во структурата на колагенот. Молекулите на колагенот се  групирани во снопчиња, кои се натрупуваат едни врз други, давајќи и на кожата мазна површина и полн волумен. Слободните радикали ја ослабнуваат врската помеѓу слоевите и колагенот станува мек и нееластичен. Кожата почнува да изгледа старо. Со слободните радикали кои природно настануваат во нашите тела, формирањето на нови слободни радикали дополнително му дава интензитет на стареењето, како и изложеноста на сончева светлина.

Брчките на лицето настануваат од три причини:

Една од причините е стреењето на кожата, при што кожата губи некои од нејзините својства, менувајќи ги односите на  еластичните и колагенски влакна  кои и даваат цврстина и еластичност, а кои исто така го намалуваат процентот на содржина на вода. Кожата притоа ја губи влажноста и станува сува, а како последица на тоа доаѓа до формирање на ситни, не премногу длабоки брчки кои се најизразени во долниот дел на очниот капак, а подоцна со текот на годините можат да се најдат и на цело лице.

Вториот вид се брчките кои настануваат од секојдневното дејство на експресивната мимична мускулатура, како што се хоризонталните брчки на челото, вертикалните брчки помеѓу веѓите, хоризонталните брчки во коренот на носот и радијалните брчки на надворешните агли на очите.

Третиот вид на брчки се формира под влијание на гравитационата тежа, при што се губи фината овална форма на лицето, се продлабочуваат брчките кои одат од носот до надворешниот агол на устата до брадата , како и попречните брчки на вратот. Секој тип на брчки бара поинаков третман.

Нашата кожа со текот на времето се менува. Се менува функцијата на ќелиите и процесот на нивното природно обновување (регенерација) е се побавен. Кожата ја губи влажноста и се повеќе се суши. Се јавуваат бели линии, кои постепено преминуваат во брчки, а кожата почнува да ја губи својата цврстина. Со тек на време, кожата е помека на допир, се спушта се до дермисот кој и е потпора. Се губи еластичноста и брчките стануваат се подлабоки. Длабочината на најголемите брчки може да изнесува и до 0.55 милиметри.

Процесот на стареење е се покомплексен и се случува кај сите типови кожа, па затоа бара соодветна нега за да се задржи нејзината еластичност. Стилот на живот, пушењето, прекумерното изложување на сонце заради желбата за  потемен тен и некои други влијанија, доведуваат до тоа да се намалува сврзното ткиво на кожата. Сврзното ткиво е одговорно за младешки изглед на затегнатата кожа, а неговто намалување значи и намалување на еластичноста и појавата на брчки.

Тагови: Здравје