Нормалното ниво на крвниот притисок зависи од човек до човек, бидејќи кај некои нискиот притисок е потребен за добро функционирање и обратно. Нискиот крвен притисок е оној кој предизвикува симптоми како што се вртоглавица и несвестица. Одржувањето на крвниот притисок по напуштањето на крвта од срцето и нејзино циркулирање ние телото е многу важно. Притисокот мора да биде доволно висок за да може да ги донесе хранливите материи и кислородот во клетките на телото, но и отпадот да го изнесе од телото. Секако, ни високиот крвен притисок не е добар за организмот.

 

Низок крвен притисок и како да го препознаете

 

За низок крвен притисок се смета систиличниот притисок понизок од 105 за мажи и 100 за жени, a дијастоличниот 70 за мажи и 65 за жени.

 

 

Систоличен притисок

 

 

Систоличен притисок е износ на притисок кога срцето пумпа крв низ артериите до остатокот од телото, и тоа е првиот број на мерење на крвниот притисок. Друг број е дијастолниот притисок, кој се однесува на износот на притисокот во артериите, кога срцето е во мирување, помеѓу отчукувањата. Премногу низок крвен притисок не може во доволна мерка да го сонесе кислородот и хранливите материи во клетките. Без разлика на тоа, се смета дека оние кои имат низок крвен притисок по правило подолго живејат.

 

Вредностите на крвниот притисок нема да бидат исти кај секого, ќе се разликуваат во зависност од активностите, годините, лековите и здравствената состојба. Тој се менува во различни околности, па треба да се мери во различни ситуации.

 

Низок притисок може да се јави поради: 

 

  • ненадејно губење на телесната тежина
  • ендокрини нарушувања
  • дехидрација
  • губење крв за време на менструација или повреди
  • инфекции
  • срцеви проблеми
  • бременост
  • алергиски реакции
  • лекови

 

Постои и состојба на долготраен низок притисок, кој се нарекува хронична хипотензија. Постојат истражувања кои покажуваат дека и оваа појава може да предизвика симптоми и да го намали квалитетот на живот.

 

 

Нискиот крвен притисок може не е потенцијално опасен како високиот, но таа состојба сепак бара лекување и контролирање.

 

Трајно нискиот крвен притисок ретко е показател за сериозно здравствено нарушување, бидејќи телото лесно се навикнува на него, па често нема симптоми. Главниот проблем настанува при нагло паѓање на крвниот притисок, кога мозокот и другите витални органи остануваат без снабдување и немаат време да се прилагодат на моменталната состојба.

 

Некои од симптомите се:

 

  • вртоглавица
  • заматен вид
  • слабост во целото тело
  • нарушување на видот
  • несвестица
  • слаба концентрација
  • болка во главата
  • силно биење на срцето
  • губење апетит
  • општа слабост и замор

 

Обезбедите нормален крвен притисок

 

Она што е потребно за подигање на крвниот притисок е доволно внесување течности. Покрај тоа, потребно е консумирање доволни количини сол, кој исто така ќе го поттикнува телото на дополнителна дехидрација.

 

Пад на крвниот притисок најчесто се случува по обилен оброк. Се препорачува да почнете да внесувате повеќе помали оброци во текот на денот. Така ќе го навикнете телото повремено да се храни, додека од еден обилен оброк ќе ви биде лошо. Храната која ќе ја консумирате треба да изобилува со јагленохидрати. Не е лошо да јадете намирници кои помагаат во повишување на крвниот притисок. Некои од нив се:

 

  • суво грозје
  • рузмарин и темјан
  • бадеми
  • цвекло
  • куркума
  • мед
  • ѓумбир
  • коприва
  • кофеински напитоци во умерени количини

 

 

Ако пиете кафе или некој друг кофеински напиток за да го повишите крвниот притисок, а тоа го правите секој ден, правите контрадикторна работа. Повремената доза кофеин навистина ќе помогне да се повиши крвниот притисок, додека преголемата доза го прави токму спротивното – ќе го спушти.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина