Изложеноста на ниски температури, како на отворен така и во затворен простор, различно влијае врз здравјето на луѓето и може да предизвика различни симптоми. Со правилно однесување и адекватна опрема можат да се спречат или значително да се намалат последиците кои може да ги предизвика студот.

 

Докторите најпрво препорачуваат јакнење на имунитетот. Добро е што помалку да се престојува во затворен, зачаден или загаден градски простор. Ако околностите не овозможуваат консумирање свеж зеленчук или овошје, треба на дневна основа да се земаат препарати кои ги содржат потребните витамини и минерали.

 

Исто така, подеднакво е важно довлно да се спие и да се биде одморен. Покај прилагодена гардероба за временските услови, заштитата на главата, рацете и покривањето на устата со шал за да се спречи директното вдишување студен воздух, докторите препорачуваат и одбегнување на тешка физичка работа на отворено. А, на оние кои домовите ги загреваат со цврсто гориво или со гас, им препорачуваат да внимаваат за тоа редовно да ги проветруваат просториите.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина