Според научниците од Тајван, чии резултати беа објавени во американскиот весник American Journal of Phisiologi – Endocrinologi and Metabolism  , постојат чекори кои може да се спроведат за да вашите мускули ги одржите млади. Намалувањето на внесот на калории е од суштинско значење за постигнување и одржување на здрава телесна тежина.

Претходните истражувања спроведени врз луѓето, покажаа дека ограничувањето на калории може да помогне да се спречат заболувања на крвниот систем,  дијабетес тип 2 и дебелина.

Ова истражување покажало дека ограничувањето на внесот на  калории може да помогне во одржување на мускулите во најдобар можен облик и да се спречи нивно предвремено стареење. Всушност, кога ќе го намалите  вашиот внес на калории, мускулните клетки почнуваат многу подобро да  ги користат антиоксидантните  соединенија и на тој начин директно ги намалуваат  штетните ефекти на слободните радикали.

За слободните радикали, бројни истражувања покажале дека тие може да предизвикаат предвремено стареење на клетките и дека го зголемуваат ризикот од развивање на голем број заболувања, вклучувајќи ги кардиоваскуларните болести.

Научниците спровеле истражување врз лабораториски глувци. Истражувањето траело 14 недели, и научниците на секои неколку недели на глувците им го намалувале бројот на екстра калории.

Кога ќе се спореди работата на мускулите кај глувците, кај кои бил ограничен внесот на калории и на оние кај кои не , тие сфатиле дека намалувањето на внес на калории ја зголемува мускулната маса и ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи.

На почетокот на истражувањето на глувците, кои научниците им го ограничиле внесот калории имале помал процент на мускулна маса, во однос на крајот. Тие исто така имале подобар метаболизам и стабилен шеќер во крвта.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.