Најстарата крвна група е 0, која се појавува со првиот човек и со неговиот подем на врвот од прехранбениот синџир. Со промената на начинот на живот, од ловец – собирач до аграрниот начин на живот, помеѓу 25.000 и 15.000 години пред новата ера, се појавила крвната група А, додека крвната група Б настанува помеѓу 10.000 и 3.500 година пред новата ера, со мешањето и селењето на расите од африканското праживеалиште во Европа, Азија и Северна и Јужна Америка. АБ групата ја имаат околу 5% од вкупните жители на Земјата и е најмладата крвна група. Не постојат никакви докази дека постоела од пред 10 века, кога се појавила по модерното мешање на разни крвни групи.

Крвна група “O”

Карактеристики: ловец, месождер, силен, самоуверен, тип на водач.

Силни страни:
силен имунолошки систем, природна заштита од инфекции, ефикасен метаболизам.

Слабости: интолеранција кон нова исхрана и нови услови кон околината. Покрај претераната активност на имунолошкиот систем, може да се случи да се нападне самиот себе.

Ризици: воспалителни болести, пречки во коагулацијата, воспаление на зглобовите, намалена функција на штитната жлезда, чиреви, алергии.

Профил на исхрана: високо ниво на белковини, месо, риба, зеленчук, овошје.

Ограничено: житарки, грав, легуминози.

Терапија за слабеење:

Да се одбегнува: пченични снегулки, грав, леќа, зелка, прокељ, карфиол, сенф.

Помага: морски алги, морска риба, црн дроб, црвено месо, спанаќ, брокула, кељ.

Додатоци во исхраната: витамини Б и К, калциум, јод, морски алги.

Телесни активности: интензивна телесна активност, како аеробик, боречки вештини, трчање.

Крвна група “A”

Карактеристики: земјоделец, вистински вегетаријанец, кооперативен, прецизен

Силни страни: добро се прилагодува на променета исхрана и на новите услови во околината. Лесно ги метаболизира хранливите материи.

Слабости: чувствителен систем за варење, ранлив имунолошки систем – отворен на инфекции.

Ризици: срцеви заболувања, рак, анемија, болести на црниот дроб и жолчката, шеќерна болест тип 1.

Профил на исхрана: вегетаријанецзеленчук, тофу сирење, морска риба, житарки, грав, легуминози, овошје.

Терапија за слабеење:

Да се одбегнува: месо, млечни производи, лима грав, пченица.

Помага: растителни масла, јадења од соја, зеленчук, ананас.

Додатоци во исхраната: витамини Б, Ц и Е, фолна киселина, ехинацеја, глог.

Телесни активности:
мирни вежби, како јога или таи чи.

Крвна група Б

Карактеристики: номад, урамнотежен, еластичен, креативен.

Силни страни: силен имунолошки систем, прилагодливост на новата околина и новиот вид на исхрана, урамнотежен нервен систем.

Слабости: склоност на автоимуни болести и ретки вирусни инфекции.

Ризици: шеќерна болест тип 1, хроничен замор, автоимуни болести (лупус, мултиплекс склероза)
Профил на исхрана: урамнотежена исхрана, сештојадец: месо (не пилешко), млечни производи, житарки, грав, легуминози, зеленчук, овошје.

Терапија за слабеење:

Да се одбегнува: пченка, леќа, сусам, хељда, пченица

Помага: зеленчук, јајца, месо од дивеч, чај

Додатоци во исхраната: магнезиум, гинко, лецитин

Телесни активности: умерени телесни вежби, како на пример пешачење, велосипедизам, тенис, пливање.

Крвна група АБ

Карактеристики: мистериозен, харизматичен
Силни страни: добро се прилагодува на современите услови. Многу толерантен имунолошки систем, ги обединува предностите на групите А и Б.

Слабости: чувствителен систем на варење. Претерано толерантен имунолошки систем може да биде отворен за инфекции. Негативно реагира на околностите, како А и Б типот.

Ризици: срцеви заболувања, рак, анемија

Профил на исхрана: мешана исхрана месо, морска риба, млечни производи, тофу сирење, грав, легуминози, житарки, овошје.

Терапија за слабеење:

Да се одбегнува: црвени меса, лима грав, семки, пченка, хељда.

Помага
: тофу сирење, морска риба, млечни производи, зеленчук, морски алги, ананас.

Додатоци во исхраната: витамин Ц и глог.

Телесни вежби: мирни телесни вежби, како јога или таи чи, комбинирани со умерени активности (пешачење, велосипедизам, тенис).

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина