Дали желбата за слатки и за масна храна ве попречува во вашите настојувања да се храните здраво и да ја држите под контрола телесната тежина? Хормоните се тие кои влијаат врз желбата за храна, бидејќи на некој начин тие диктираат како всушност се чувствуваме, што сакаме и со која брзина ќе ги зачуваме масните наслаги на телото. Кога ни е празен стомакот, организмот го произведува хормонот грелин, кој предизвикува чувство на глад. Ако му дозволите на организмот многу да огладне, логично е дека вашата потреба за храна ќе биде поголема. Сигурно се прашувате каква врска има сето тоа со јаболковиот оцет. Јаболковиот оцет е една од најздравите природни состојки која можете да ја додатете во исхраната, бидејќи има огромно влијание врз грелинот. Оцетната киселина која е активна состојка во оцетот има моќ да го победи хормонот за глад и со тоа помага во контролата на желбата за храна. Покрај тоа, јаболковиот оцет може да биде корисен за здравјето на многу други начини, а подолу можете да видите некои од нив.

Помага во губење на килорамите.

Во овој летен период некако најважно ни е да загубиме по некој килограм кој се насобрал во текот на зимата и да заблескаме. Јаболковиот оцет може да го одложи времето на празнење на желудникот, што значи дека долго време ќе се чувствувате сити и нема да имате потреба за земање храна. Оваа способност може да влијае и на подобрената апсорпција на нутритивите од храната, а тоа е од посебна важност за оние кои немаат доволен број корисни ензими и добри бактерии во орагнизмот.

Штити од кардиоваскуларни болести.

Докажано е дека со редовно консумирање на јаболков оцет се намалува ризикот од настанок на артериосклероза (болест на стеснување на артериите), висок холестерол и повишен крвен притисок, и тоа без никакви несакани последици.

Одличен е за дијабетичари.

Ако се користи со други намирници, јаболковиот оцет може да го забави ослободувањето на шеќерот од истите. Тоа ја намалува потребата на организмот за отпуштање на инсулин и го опушта панкреасот. Кога шеќерот е избалансиран во крвта, се чувствува и помала потреба за внесување на јагленохидрати.

Помага за здрав црн дроб.

Бидејќи се состои во најголем дел од оцетна киселина, јаболковиот оцет докажано ги штити клетките на црниот дроб, а спроведено е истражување за да се открие како влијае при тумор на црниот дроб. Иако истражувањето е на почеток и се врши над животни, првите резултати многу ветуваат, и тоа со минимални негативни ефекти.

Јаболковиот оцет како средство за чистење.

Во повеќето рецепти за природни средства за чистење, јаболковиот оцет е неизбежна состојка. Измешајте го јаболковиот оцет со вода и со оваа мешавина заменете ги стандардните хемикалии за чистење во вашиот дом. Ова е одлично средство и за дезинфекција, бидејќи ги елиминира сите бактерии и вируси од работните површини. Некои истражувања покажале дека јаболковиот оцет ефикасно го убива вирусот на H1N1 од било кое друго средство за чистење.

Коктел за подобро варење

Ако го измешате јаболковиот оцет со минерална газирана вода ќе добиете вкусен, освежителен и здрав коктел кој ќе ви го среди нивото на шеќер во крвта и ќе ви го подобри варењето.

Потребни состојки:

  • 30 мл. јаболков оцет
  • 1 лажичка мед или јаворов сируп
  • 500 мл. минерална газирана вода

Подготовка:

Во висока чаша измешајте ги оцетот и медот, па додадете ја минералната газирана вода. По желба, можете да додадете и неколку листови нане.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина