Важно е да знаеме на која крвна група и припаѓаме, бидејќи таа може да ни открие многу за нашето здравје, на кои болести сме склони, која храна треба да ја одбегнуваме, но и како го поднесуваме стресот.

 

Вашата отпорност на стрес зависи од крвната група на која и припаѓате. Научно е докажано дека оние кои имаат крвна група А најтешко го поднесуваат стресот, бидејќи во крвта имаат поголем степен на кортизол, хормонот одговорен за стресот, што значи дека се поподложни на стрес од носителите на другите крвни групи.

 

Физичката активност е најдобриот начин за намалување на стресот во организмот. На припадниците на крвната група А им се препорачуваат смирени физички активности, кои го намалуваат нивото на кортизолот во крвта. Таква активност е, на пример, јогата.

 

Припадниците на нулта 0 крвната група се најпотпорни на стресни ситуации, но и кај нив е неопходно од организмот да се исфрли одредена количина на кортизол. За нив најпогодни вежби се енергичните, кои брзо ќе ги остранат сите тегоби кои ги носи стресот.

 

Припадниците на крвната група Б исто така треба да прктикуваат умерена активност, како што е јога и лесни прошетки, додека на припадниците на АБ крвната група најважна им е избалансираната рутина, а најмногу им штети претераното осцилирање на хормонот на стрес.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина