Сите сакаме да изгледаме што е можно поубаво во пресрет на новогодишната ноќ , па затоа губењето на уште неколку килограми е воистинска топ-тема. Полни со оптимизам, во последен момент, започнуваме диета за да ги елиминираме неколкуте несакани килограми. Знаеме дека без промени во исхраната и вежбање не може да сметаме на витка линија, но да погледнеме за миг како окружувањето во кое јадеме може да ни помогне! Ви предлагаме неколку мали извонредни фенг-шуи трикови со кои ќе влијаеме на нашата потсвест и потребата за храна.

fengsui_naslovna

Основна причина за складирањето на вишокот килограми е внесувањето на поголем број калории од оние што ги трошиме. Едноставна пресметка, зарем не? Додека јадеме, често брзо ја голтаме храната. Научно е докажано дека се потребни 20 минути за сигналот за ситост да стигне до центарот во мозокот. Во тие 20 минути ние всушност беспотребно јадеме. Затоа, треба да се забавиме, да јадеме пополека. Како тоа да го постигнеме?

Да започнеме со боите. Дали сте виделе некој синџир на ресторани за брза храна да користи сина палета на бои? Секако дека не, бидејќи сината боја значително ја намалува брзината на јадењето. Просторот кој е уреден да делува смирувачки и да ги забавува активностите, истовремено ќе ја намали и вашата потреба за храна. Затоа, внесете сина боја на вашата трпезариска маса- купете подметачи, чинии, чаши, шолји и салфети во овие тонови. Преку ден, ставете син свеќник или пак некоја сина здела или ваза на средина на масата.

Црвената боја делува исклучително стимулативно, и не поттикнува на брзо и претерано внесување на храна, Затоа, немојте да јадете од црвени садови, да користите црвени чаршави за маса, салвети и слично, но и избегнете да гледате во црвена боја (зид од цигли, тапети или завеси, црвен мебел и слично) . Внимавајте и при купувањето на намирниците- произведувачите на нездрава храна(храна која е полна со калории, а е со мали нутритивни вредности) често ги пакуваат своите производи во амбалажа во црвена, портокалова, розева и сл боја. Тоа секако не е случајно, доколку се има предвид дека ваквите бои се највоочливи и го мамат нашиот поглед кога се на полица.

Освен со сината боја, може да си помогнеме и со одбирањето на украси за зидовите околу масата. Наместете слики кои прикажуваат смирена природа како зимски пејсаж, цвеќе, мирно море или планина покриена со снег. На ова се додаваат јин елементите, со што ја поттикнуваме смирената атмосфера што ќе предизвика да внесуваме помалку храна. Во секој случај треба да се избегнуваат слики кои прикажуваат храна или голема динамика.

Деталите на декорот, садовите, мебелот и украсите исто така делуваат врз нашата потсвест. Ако нешто ни го оттргнува вниманието од храната ние стануваме несвесни за тоа колку храна всушност сме изеле. Сите ние барем еднаш потполно несвесно сме изеле цела кесичка чипс, бидејќи сме биле фокусирани на нешто друго. Најголем ефект за дефокусирање имаат точките и круговите и дијагоналните линии. Па затоа, немојте да ги користите во украсување на масата и неговата околина со цел концентрацијата да ви биде на храната.

Обрнете внимание и на сетилото за мирис – тој е од суштинско значење во исхраната. Најмногу може да ни помогне ментолот, кој ја намалува желбата за прејадување. Значи пред оброкот, или запалете ароматична свеќа или мирисна светулка со неколку капки од масло од ментол. Друг трик што може да ви помогне да не јадете “на нозе” е да си ставите на рацете крем кој содржи ментол во себе- кога ќе ја приближите вашата рака кон лицето ќе го почувствувате неговиот мирис и ќе ви се намали желбата за храна.

Вкусот на ментол е многу силен и ги потиснува сите други вкусови во устата. Обидете се да јадете заедно бонбони од ментол и нешто друго – сигурно нема да ви одговара. Ментолот силно го потиснува апетитот. Значи, ако сакате да престанете да јадете, а храната ви е сеуште примамлива, или ако сакате нешто да грицнете помеѓу оброците, земете ментол бонбони (се разбира без шеќер) или напијте се чај од ментол.

Уште еден корисен совет е во трпезаријата да поставите големо огледало за да можете да се гледате себе си додека јадете и на тој начин ќе станете повеќе свесни за квалитетот и количината на она што го внесувате.

Според Фенг шуи, важно е и бројот на поставените столици да биде парен. Доколку имате непарен број членови на семејството, додадете еден вишок стол за одржување на линијата.