Бурните чувства го загрозуваат здравјето на организмот. Еве како некои органи реагираат на тага, лутина или радост.

Сите ние понекогаш чувствуваме некаква емоција, чувствуваме промена на себе т.е. чувствуваме некаква болка. На пример, ако чувствуваме тага, обично не стега во градите и немаме воздух. Така секоја емоција делува на некој од органите кои ќе реагираат со нарушување. Тоа се тагата, радоста, загриженоста, стравот и лутината. Ако ве измачува стегање во градите, притисок кој не доведува до недостиг на воздух, зачестен грип и настинка, проблемот е можеби во претеpаното чувство на тага, кое трае долго и кое се крие. Тука можат да се појават и проблеми со кожата или астма. Може да се лекува со акупунктура на точките долж белите дробови и меридијаните околу бубрезите. Тагата може да предизвика и депресија, па и плачливост. Најдобро лекување се растителните формули.

 

Радоста и срцето

Секако дека делува збунувачки помислата на тоа дека радоста може да доведе до некакво нарушување во организмот. Имено, тоа нарушување не е поврзано со среќата, туку со неурамнотеженоста на човекот. Големи промени може да предизвикаат претерано возбудување или изненадувања, како што е на пример некаква добра вест. Тоа е значи стрес, а стресот може да биде и позитивен и негативен. Нормално дека загубата на саканата личност или загубата на работното место е голем стрес и е нешто што е негативно. И венчавањето или раѓањето дете или унапредувањето на работното место, тоа е исто така радост и нешто позитивно, но исто така е стрес. Најчестите симптоми се силно биење на срцето, несоница или некаква анкциозност. Овој вид на нарушување обично се лекува со растителни третмани кои се состојат од формула која го храни срцето.

Загриженоста и слезината

 

Не е добро премногу да се размислува за проблемите и да се биде опседнат подолго време, бидејќи тоа може многу да ја исцрпи слезината и да доведе со хроничен замор. Кога слезината е ослабната, не може ефикасно да ја преработува храната. Па, затоа загриженоста треба да се контролира.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина