Со помош на следниве десет совети значително ќе ја намалите шансата настинките и грипот оваа година да ве дочекаат неподготвени :

slika naslovna grip

 1.Редовно мијте ги рацете

 Не е тајна дека бактериите се предизвикувачи на сите настинки и грипови. Бактериите и вирусите го наоѓаат патот до нашето тело и го напаѓаат на различни налини, на што нашето тело реагира со силна  одбрана и затоа лежиме неколку дена во кревет со температура. Бидејќи најголемиот контакт со надворешниот свет го остваруваме преку рацете, редовното миење  значително ги намалува шансите да ги внесеме штетните бактерии во нашето тело.

2. Не го фаќајте лицето со раце

Дури и ако сте навистина внимателни и рдовно ги миете рацете, никогаш не можете да ги елиминирате штетните бактерии во потполност. Иако мали количини на бактерии на рацете воглавно не претставуваат опасност за зараза, фаќањето на очите,устата и носот значително ги зголемува шансите бактериите да го пронајдат полесниот пат до вашиот организам.

3. Стојте настрана од гужвите и местата каде се собираат многу луѓе

Бактериите се насекаде околу нас, но шансите да заболите од грип или настинка значително се зголемуваат доколку често се движите во простории каде секојдневно има повеќе луѓе. Доколку можете, потрудете се да ги избегнете чекалните, преполните автобуси, железничките станици, концертите и сличните вакви места.

4. Не ја делете храната со другите    

Тука не се мисли на класичното делење сендвич или слични намирници со некој (иако и тоа е одличен начин бактериите да навлезат во организмот), туку повеќе се мисли на различни настани кои вклучуваат шведска маса или други форми на групно и заедничко јадење, кое се служи во заеднички садови- чипс, тортиљи, помфрит и слично. Иако вие сте внимателни да ја земате храната со чисти раце, немојте да мислите дека и другите се такви.

5. Обезбедете си доволно сон

Недостатокот на спиење кој трае подолг временски период може да има цела низа негативни ефекти врз вашиот организам, а еден од нив е секако и намалениот имунитет, што ќе ја намали и способноста на вашето тело да се одбрани од инфекциите. Доколку мислите дека сте премногу зафатени за спиење, сите овие т.н. заштедени часови ќе ги изгубите кога грипот ќе ве врзе за кревет една недела.

6. Избегнувајте го алкохолот

Во ред, ова не значчи дека не може да се почестите со една чашка виски за некоја прослава или пак роденден. Сепак, имајте на ум дека редовната конзумација на поголеми количини алкохол просто ја уништува способноста на вашиот организам да се одбрани од болеста.

7. Пијте доволно течности

Иако овој совет најчесто го слушаме во лето, тоа никако не значи дека не е применлив и во студените денови. Избегнувајте ги благите и газирани пијалиоци и повеќе конзумирајте природни сокови, а најидеално е да пиете обична вода.

8.Не претерувајте со вежбањето

Редовната физичка активност секако го подобрува имунитетот, но треба да го прескокнете одењето во теретана доколку ги забележите првите симптоми на болеста, бидејќи физичкото исцрпување само ќе го зголеми напредувањето на болеста. Чувајте ја енергијата и вратете му се на потењето во теретаната кога ќе закрепнете.

9. Јадете редовно и здраво

Нашите баби не грешеле кога не терале да јадеме што е можно повеќе додека сме биле болни. Всушност, енергијата која нашето тело ќе ја добие преку храната ќе му помогне побрзо да ја преброди болеста и повторно да го изгради паднатиот имунитет.

10. Витамините се задолжителни!

Иако во денешницата е можно да се купи било која овошка и надвор од нејзината сезона, немојте да заборавите дека некои витамини е исклучително тешко во доволни количини да ги земете со самата исхрана. Еден од нив е и витаминот Д, кој нашата кожа го произведува на сонце. Бидејќи сонцето во зима е ретка појава, земањето на витамин Д како додаток кон исхраната во зима е добра идеа.

Тагови: Здравје
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.