Опуштен или недоволно рамен стомак се јавува како проблем кој во голема мерка може да ја наруши општата естетска слика за нашата фигура, но и нашето чувство на задоволство од сопствениот изглед. На појавата на овој проблем можат да влијаат многу фактори, како што се генетската предиспозиција, недоволната физичка активност, предолгото задржување на телото во седечка положба, но и несоодветната исхрана.

Како исхраната може да влијае за добивање рамен стомак?

Исхраната во голема мерка има и негативно и позитивно влијание на тоа колку нашиот стомак е опуштен или е затегнат и рамен. Секојпат кога за врмее на оброкот внесуваме висококалорични намирници, богати со јагленохидрати, можностите за стомакот да ни изгледа опуштено се зголемува значително многу во однос на ситуацијата кога за време на оброците се води сметка за внесените јагленоходрати. Целиот вишок од внесени јагленохидрати директно се манифестира со појава на масни наслаги, односно сало во пределот на стомакот, кое е тешко да се острани подоцна дури и со постојано и напорно вежбање.

Со избалансирана исхрана и со намалена количина на внесени јагленохидрати, целта е да се има рамен и затегнат стомак, кој може да се добие дури и со минимален напор и помалку време потрошено на вежбање.

Кои намирници се добри за консумирање за да се добие рамен и цврст стомак?

Одделни намирници освен што директно и поволно влијаат на тоа да се има затегнат и рамен стомак, влијаат и врз тоа да се истопи натрупаниот слој непосакувано сало околу стомакот. Притоа нема потреба од изгладнување. Изгладнувањето до поттикнува телото да штеди масти и се забавува метаболизмот. Но, не е препорачливо ниту прејадувањето.

Од намирниците кои многу помагаат во ова, спаѓаат: маслиновото масло, брокулата, шпарглите, пиперките, прокељот, јогурот, кефирот, киселото млеко и интегралните житарки. Јајцата треба да се јадат за појадок. Истражувањата покажале дека јајцата за појадок го намалуваат гладот и внесувањето на храна во следните 24 часа. Најдобар избор се варените јајца или кајганата подготвена на многу малку масло. Не треба да се јаде ниту невкусна храна. Без разлика колку е здрава, невкусната храна не дава ситост. Треба да се јаде она што се сака, да се јадат разнобојни и разновидни намирници, но во мали количини. Не треба да се слушаат совети кои тврдат дека полесно ќе се ослабне ако се наполни желудникот со празна и нискокалорична храна или течност, бидејќи тоа не функционира. Повеќето од нас јадат емотивно, затоа што размислуваат за храната и ја сакаат храната, а не кога ќе почувствуваат глад.

Како споменатите намирници делуваат на добивањето рамен стомак

Маслиново масло: делува на добивање рамен стомак благодарение на мононезаситените масти кои ги содржи во себе, кои и ги топат директно наслагите од сало. Поради тој факт, маслиновото масло треба многу почесто да биде застапено во секојдневната исхрана.

Зеленчук: сите видови зеленчук делуваат да се добие рамен стомак благодарение на нивната содржина која, помеѓу другото, содржи и влакна, кои го регулираат варењето, но и го поттикнуваат исфрлањето на вишокот течности од организмот, што исто така помага за добивање рамен стомак.

Јогурт и кисело млеко: благодарение што во себе содржат пробиотски бактерии, кои ја регулираат функцијата на варењето, тие го намалуваат чувството на надуеност и на тој начин ја поттикнуваат можноста за одржување рамен стомак.

Интегрални житарки: во себе не содржат материи кои се тешки за обработка и не предизвикуваат таложење на масните наслаги, што е случај кога се консумира бело брашно, односно производи изработени од бело брашно.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина