Бавен метаболизам, нагло губење на килограмите и хроничен замор, се само некои од симптомите од недостаток на јод. Во продолжение погледнете какви се здравствени проблеми предизвикува и кои се намирници го содржат.

Секоја година се раѓаат по 41 милион деца во земјите во развој, кои во целост се незаштитени од нарушувањата предизвикани од недостиг на јод и од последиците кои овие нарушувања ги оставаат за цел живот.

Јодот има витална улога во оддржувањето на доброто здравје. Како основен градбен елемент на хормонот на штитната жлезда тој влијае на бројни процеси во организмот и е неопходен за нормален раст и развој на сите клетки и ткива. Штитната жлезда има важна улога во регулирањето на метаболизмот и е од клучно значење за развојот на мозокот. На недостигот од јод посебно се чувствителни трудниците и нивните бебиња, бидејќи развојот на мозокот е најинтензивен во првите три месеци од бременоста. Јодот е минерал кој во нашиот организам го има во многу мали количини. Човечкото тело не може само да го произведува и затоа е неопходно негово редовно дневно внесување.

Јодот е микронутритиент, но кога станува збор за нашето општо здравје, неговата улога е голема. Покрај тоа што со години се кориси како антисептик и како силно антибактериолошко и антисептично средство, најновите откритија покажуваат дека јодот има одбранбени карактеристики кога се работи за потешки и покомплицирани заболувања. Јодот предизвикува апоптоза – програмирано изумирање на клетките на ракот.

Недостигот може да го забележите ако обратите внимание на тоа како телото ви функционира, а некои од најчестите симптоми од недостиг на јод се:

  • Хроничен замор – тоа е последица од неактивноста на штитната жлезда. Ќе забележите драстично опаѓање на енергијата, без разлика на адекватната количина на сон.
  • Нагло губење на килограмите – кога на телото не му ја обезбедувате адекватната количина на јод, се нарушува работењето на метаболизмот. Тогаш телото многу побавно ја претвора храната во енергија и доаѓа до насобирање на масти.
  • Пречувствителност на студ – обично се поврзува со забавениот метаболизам. Како што се забавува работењето на метаболизмот, така се забавува и циркулцијата на крвта, па стануваме пречувствителни на студ.
  • Сува кожа – 20% од вкупниот јод се ослободува во кожата, посебно во делот каде што се наоѓаат потните жлезди. Недостатокот од јод го отежнува процесот на потење, па кожата станува сува и надразнета.
  • Проблеми со варењето – недостатокот од јод го нарушува работењето на системот за варење и ја отежнува контракцијата на мускулите во делот на стомакот, што може да доведе до хроничен запек.
  • Лошо расположение – недостатокот на јод го зголемува ризикот од настанок на хипотиреоза. Работењето на штитната жлезда е тесно поврзано со расположението, па хипертиреозата може да доведе до појава на симптоми слични на оние од депресијата.
  • Тенка и сува коса – нарушеното работење на штитната жлезда го отежнува преносот на хранливи материи кон косата и ноктите. Без негов соодветен внос косата станува тенка и сува, а ноктите слаби и кршливи.

На возрасен човек му се потребни по 150 микрограми дневно јод, додека кај трудниците дневниот внос на јод треба да биде двојно поголем од овој. Јод најмногу има во морските плодови (сина риба, алги), но и во свежите јаболки, зелената салата и интегралниот леб и во помали количини и во млечните производи.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина