Разновидни диети нудат губење на телесната тежина со помош на многу видови зеленчуци и овошја, но многу од нив не се пристапни за сите, а тоа не може да се каже за цвеклото. Научете како да загубите пет килограми за само пет дена, без штета по здравјето.

Предности на цвеклото

Цвеклото е вистинска ризница на корисни супстанции. Богато е со материи полезни за кожата косата – антоцијанин и бетоин, како и со витамини и минерали кои го активираат метаболизмот, прочистуваат и ги отстрануваат токсините. Калориската содржина му е 42 калории на 100 гр. Тоа може да се консумира во секаков облик: сирово, варено или печено.

Прв ден

Појадок: филџан кафе без млеко или чај, два тоста
Ручек: салата од цвекло, малку варен ориз
Вечера: едно јаболко

Втор ден

Појадок: јогурт со ниска содржина на масти
Ручек: печено цвекло и парче варени пилешки гради
Вечера: две киви

Трет ден

Појадок: зелен чај, два тоста
Ручек: салата од цвекло, варена риба
Вечера: варен зеленчук

Четврт ден

Појадок: јогурт со додаток на житарки
Ручек: цвекло со риба
Вечера: салата со зеленчук со сирово цвекло

Петти ден

Појадок: чај или кафе без млеко, 1 варено јајце
Ручек: салата од моркови, варен ориз
Вечера: зеленчук на жар

Шести ден

Појадок: кафе или чај, 2 јајца
Ручек: салата од цвекло со маслиново масло, парче сирење
Вечера: пире

Седми ден

Појадок: јогурт со додаток на житарки
Ручек: цвекло со пилешко

Вечера: варен ориз, јајце и домати

Сок од цвекло за слабеење

За време на диетата, многу е полезно да се користи сок од цвекло, помешано со сок од портокал. Овој сок треба да се пие два пати дневно – 20 минути пред ручек и вечера. Сокот се подготвува од едно свежо цвекло и еден голем портокал. Може да се исцеди во соковник.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина