Својот месечен циклус најчесто го поврзуваме со промените на расположението и копнежот по чоколада. Но, дали ви се чини дека се менува и вашата желба за вежбање? Еден ден јурнувате по патеката за трчање, а следниот повеќе би сакале да спиете. И, додека различни фактори имаат влијание на тоа како нашите тела сакаат да вежбаат, вклучувајќи го и тоа колку спиеме и кој вид на храна јадеме, еден огромен фактор во оваа пресметка се и хормоните. А ако не го почитуваме нивото на нашите хормони, телата ќе почнат да протестираат, оставајќи не преплавени со кортизол или без енергија за воопшто да работиме. За среќа, постојат начини како вежбите можат да се усладат со месечниот циклус на хормоните, за да се добијат најдобри резултати за време на вежбањето.

За време на фоликуларната фаза: Трчајте.

Фоликуларната фаза започнува со завршување на менструацијата, а означува период кога фоликулите созреваат во јајчниците, подготвувајќи се за овулација и испуштање на јајце-клетките. Во овој период вежбајте кардио вежби околу пладне или попладне, кога естрогенот е низок.

Ако можете да излезете од канцеларијата и да направите кардио вежби напладне, одлично! Ако не, трчањето после работа ќе биде подеднакво полезно и ќе помогне за да се оддржуваат хормоните во рамнотежа.

За време на овулацијата: Вежбајте рано.

Искористете ја сета енергија за веме на фазата на овуацијата и поставете го алармот на часовникот порано од вообичаено. Утринските вежби се најлесни за изведување за време на овулација поради тестостеронот – овулирате и полни сте со енергија, така што утринските вежби се вистинскиот избор, што е случај и кај првата пловина од лутеинската фаза.

За време на лутеинската фаза: Пилатес или јога.

Како што веќе кажавме, утринските тренизнзи во текот на првата половина на лутеинската фаза се и тоа како добредојдени. Но, во другата половина може да почнете да чувствувате симптоми на ПМС, па пилатсот или тренингот за сила во раните вечерни часови е добар избор.

Исто така, јогата пред спиење помага во било кој момент од вашиот циклус, а може особено да биде полезна при крај на лутеинската фаза, доколку се чувствувате изнервирано.
 

За време на менструацијата: Прошетајте.

Сигурно веќе имате слушнато дека лесните вежби се еден од најдобрите начини за ублажување на грчевите, но дури и да не ги чувствувате, нема потреа за форсирање на вежбањето. Прошетајте се до дома од работа или во вечерните часови со партнерот – телото ќе ви биде благодарно, а нивото на хормони ќе дојде на свое.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина