Околу 80% од луѓето во некој момент од животот почувствуваат болка во долниот дел на грбот, се тврди во специјалниот здравствен извештај од Харвард. Поверојатно е таквите болки да имаат оние во средно доба од животот, но не се поштедени ниту младите, како и оние кои имаат седечки начин на живот.

 

Еден од виновниците за таквата болка е стареење. Со текот на годините, коските и зглобовите во лумбалниот дел од половината почнуваат да се менуваат, a дисковите, структурите кои служат како ,,перничиња” помеѓу коските и половината се трошат, а понекогаш и се кршат на фрагменти. Тоа знае да предизвика болка.

Друга причина е дискус хернијата. Дискот “излегува” од просторот помеѓу коските и го притиска нервот каде што се разгранува во рбетниот мозок. Тогаш најчесто се зборува за ,,ишијас”. Во многу случаи, болката во лумбалниот дел на грбот се јавува поради напрегнување или шинување, неприлагодени активности, подигање товар или некој инцидент.
Понекогаш е потребно само да се почека и да се види дали ќе помине само од себе, но ако состојбата не се поправи ни по три до четири дена, тогаш треба да се појде на доктор.

Пред да се јави некоја посериозна состојба, како што е дискус хернија, докторите советуваат дека е подобро да се продолжи со одење, за да не се здрват мускулите. Лежењето е полезно за да се олесни болката, посебно ако е силна при седење или стоење. Ако докторите не советуваат поинаку, треба да се лимитира лежење на само неколку часови, и тоа не повеќе од ден-два.

Вежбањето може да помогне за градење на цврсти, флексибилни мускули, кои тогаш се помалку подложни на повреди. Тоа помага и при оздравување, превенира идни проблеми и ја подобрува функцијата и подвижноста. Некои посегнуваат и за акупунктура или киропрактичар, како и за терапевтски масажи, но многу е важно тоа да се прави кај вистински стручњак и со контрола од страна на доктор.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина