Како старееме, нашиот метаболизам почнува да се забавува, поради што слабеењето и согорувањето на внесените калории станува се потешко. Меѓутоа, постојат начини со кои може да го забрзаме и да го подготвиме за согорување на масните наслаги, без разлика на годините. Ви претставуваме некои од овие овие начини:

 

Вежбајте пред појадок

Ако тренирате пред појадок, полесно ќе се разбудите, но и ќе го поттикнете и метаболизмот. Тоа е оптимален начин на согорување на маснотиите, со оглед на тоа што во текот на ноќта вашиот организам бил во состојба на гладување. Доволно е и да прошетате половина час пред пред да го изедете првиот оброк.

Појадувајте кога сте гладни

Многумина мислат дека најдобро е да се појадува веднаш по будењето, но секој треба да го слуша својот организам. Студиите покажале дека одложувањето на појадокот може да делува позитивно на многу гени кои го регулираат метаболизмот.

Јадете зеленчук за појадок

Во зависност од тоа што ќе одберете да јадете, зависи и нивото на шеќер во крвта, како и способноста за согорување на калориите и следните избори на оброците.
Салата со некоја намирница богата со протеини е далеку подобар избор од пецивата, односно од рафинираните јагленохидрати, кои само создаваат нагол скок, а потоа и пад на нивото на шеќер во крвта.
Јадете јајца, сланина, млади сирења и слични намирници покрај спанаќ или друг лисјест зеленчук со додаток на здрави маснотии, како што е маслиновото масло.

 

Правете пауза од пет часа помеѓу оброците

Пет часа помеѓу два оброци на многумина им се чинат како вечност, а тоа е единсвениот начин на кој телото ги согорува маснотиите, пред да внесете уште повеќе храна. Ако постојано грицкате нешто, телото ќе ви го согорува она што го внесувате, наместо да се ,,посвети,, на трошење на масните наслаги.

Вечерата нека ви биде најмалиот оброк

Најмногу храна ви е потребна во текот на денот, кога сте активни. Навечер, кога организмот полека се подготвува за да потоне во сон, треба да ги намалите оброците и да ја искористите можноста за да го одморите системот на органите за варење.

Одберете квалитетни протеини, како што се месото и рибата, но и здравите маснотии и зеленчукот. Одбегнувајте прејадување, на кое многумина се склони по напорниот работен ден.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина