Со забавување на метаболизмот, клетките на кожата не произведуваат влажност колку што е потребно и не успеваат да ги заменат еластинот и колагенот, кои ја прават кожата поцврста. Тогаш се формираат брчките. Освен оваа причина, и други фактори придонесуваат за создавањето на линии и брчки на кожата, како што е на пример пушењето, кое влијае врз стареењто на кожата и губењето на тонусот и бојата. Тука е исто така и алкохолот, кој го дехидрира телото, а посебно кожата.

 

Загадувањето на животната околина може да го примора телото да ги користи антиоксидансите како што е витаминот Е, а недостатокот на сон и лошата исхрана, со премногу шеќери, го забрзуваат формирањето на брчките. За да го спречите ова, еве неколку корисни совети.

 

Елминирајте го шеќерот

 

Елиминирањето на шеќерот, посебно на префинетиот, е клучно за намалување на брчките. За оваа состојка е познато дека ја слабее кожата и го уништува колагенот.

 

Јадете природна, органска храна

 

Овошјето и зеленчукот се полни со витамини, минерали и антиоксиданси. Аминокиселините и протеините се исто така многу важни за здравјето на кожата. Оревите се одлична опција, бидејќи се богати со витамини, минерали и протеини.

 

Јадете чоколада

 

Јадете црна чоколада, која содржи малку шеќер.

 

Пилинг на кожата

 

Правете редовен пилинг на кожата, за да ги отстраните мртвите клетки од кожата.

 

Хидратација

 

Одбегнувајте производи за кожата кои содржат петролеум, фталати и парабени. Побарајте производи кои користат органски хранливи материи и хидратанти.

 

Витамин Ц

 

За кожата е потребен витаминот Ц, за да може да се оддржува нејзината структура и да се поттикне градењето на колагенот. Научно е докажано дека овој витамин ги намалува линиите и брчките, додека во истовреме ја штити кожата од сончевите УВ-зраци.

 

Ова се неколку природни совети за негување на кожата, со цел да се спречи појавата на брчки.

 

Авокадо маска

 

Авокадото ја хидрира кожата, ја чисти и ја штити. Содржи виамин Ц, кој ќе ја направи мазна кожата, а и витамин А, кој го забавува нејзиното стареење. Згмечете едно авокадо и нанесете го на лицето. Држете ја оваа маска околу 10 минути и потоа измијте ја со топла вода.

 

Маска од краставици

 

Измешајте заедно една краставица и јогурт, нанесете ја смесата на лицето и оставете ја 15 минути. Краставицата ја смирува кожата, а јогуртот ја храни и хидратизира.

 

Маска од јајца

 

Јајцата се одличен извор на протеини кои ги поправаат ткивата. Магнезиумот во нив ги стимулира клетките на кожата, додека калиумот хидрира.

 

Измешајте јајца со една лажичка сок од портокал и една лажичка куркума. Кожата ќе се смири и ќе се намалат темните дамки на неа.

 

Мед и јогурт

 

Јогуртот содржи млечна киселина, која врши пилинг, додека медот чисти и хидрире. Измешајте еднакви количини мед и јогурт и нанесете ја оваа маска на лицето. Оставете да делува 10 минути пред да ја измиете со млака вода.

 

Кокосово масло

 

Кокосовото масло има низа предности. Покрај тоа што е одлично да се консумира орално, одлично е и за надворешна употреба. Втријте прво малку од него на прстите, а потоа нанесете го на делот околу очите.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина