Многу луѓе им ,,робуваат,, на трендовите и производите коишто им ветуваат вечна младост. Воглавно на крајот остануваат разочарани, бидејќи, за жал, науката се уште нема откриено еликсир кој ќе им го овозможи тоа. Но, во својата најнова книга Дипак Чопра, пионерот на т.н. ,,медицина за ум и тело,, и нутриционистката Кимберли Снајдер, апелираат на луѓето поинаку да размислуваат за убавината. Книгата ги повикува луѓето убавината да не ја сметаат како ,,ентитет за себе,, туку за нешто подлабоко и поголемо, како краен израз на нечиа поврзаност со самиот себеси и елементите од надворешниот свет.

“Радикалната убавина”, сметаат Чопра и Снајдер, не е нешто што го одредуваат козметичките производи или трендовите кои ги промовираат медиумите: тоа е право на секој човек, кој треба да се негува и однадвор, но и одвнатре.

Нивната теза можеби се чини езотерична, но тие ги поткрепуваат своите ставови со научни докази и го темелат водичот кон ,,радикална убавина,, на шест столбови: “хранење на внатрешноста,, (избор на намирници кои ги јакнат виталните органи и го поттикнуваат здравјето на кожата и косата), “хранење на надворешноста” (приросни препарати кои се нанесуваат на кожата според ајурведските принципи, ,,сонот” (кој овозможува соодветна циркулација), “примарната убавина” (живот во хармонија со ритам на природата), “движења за убавина” (вежби кои ги поттикнуваат природната грациозност и тонусот на мускулите) и “духовната убавина” (негување на внатрешниот мир, кој се одразува врз надворешната убавина).

Ова се нивните совети за “разубавување”:

 

Нов начин на размислување

 

  • Замислете си дека носите валкани чорапи или долна облека. Никој не знае за нив освен вас, па сепак не се чувствувате добро – вели Чопра. – Исто е и со убавината: ако не се чувствувате пријатно одвнатре, тоа ќе се види на вашето лице. Вашиот надворешен изглед го рефлектира задоволството одвнатре – вашиот ум, емоциите, интелектот и конечно, вашите изрази на лицето за да го изрази вашиот однос со сопствената душа.

 

Ослободете се од стресот

 

  • Многумина патат и се под стрес поради убавината – вели Снајдер. – Мислат дека никогаш не изгледаат доволно витко или доволно привлечно. Тој хроничен страв ве прави постари исто колку и лошата исхрана.

 

Според неа, размислувањето за убавина, како целокупен начин на живот кој ве негува и однадвор и одвнатре, го елиминира стресот и ви ја ослободува енергијата за да се занимавате со други нешта.

 

Шест столбови на убавина

 

Хранењето на внатрешноста, хранењето на надворешноста, сонот, прималната убавина, убавината на движењата и убавината на духот – се основата за здрав начин начин на живот кој кулминира во највисок израз на убавина кај еден поединец.

 

  • Сметајте ги за делови од една сложувалка – вели Чопра. – Не е важно од каде почнувате. Во еден миг ќе ги склопите сите делови.

 

Лично искуство

 

Снајдер вели дека самата таа им робувала на стравовите.

 

  • Еден период се здебелив, имав акни, ја пробав секоја можна диета се додека не почнав да го изучувам нутриционизмот и не почнав да се фокусирам на својата дигестија и да следам како храната ми влијае на кожата. Дотогаш не можев ништо да променам.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина