За време на топлите денови навистина е тешко да се најде начин за да се разладите.Во нормални услови телото се разладува со потење , но доколку високите температури дополнително се зачинети и со влага тогаш потењето не е доволно.Во такви услови помагаат различни трикови како што се облогите со ладна вода или пак свилената постелнина.

Свилената постелнина разладува

Преку лето е најдобро да спиете на свилена постелнина која овозоможува полесно да дишете ,а поради фактот што има природни хипоалергиски својства , тогаш е одличен избор и за оние кои се алергични на високи температури.Исто така, се препорачува да спиете и на приземје.

Ставете ладни облоги на телото

Ладните облоги за момент ќе го освежат вашето тело, а свежината ќе трае најмалку еден час. Земете пешкир и ставето го во ладилник.Откако ќе се излади поставете го на нозете, стапалата или вратот.

voda

 

Металниот накит ја апсорбира топлината

За време на летото модните детали треба да ги бирате внимателно.металните алки лесно се загреваат, а притоа телото лесно ја апсорбира топлината од нив.Затоа избегнувајте ги.

Хранете се со зачинета храна

Иако ова не звучи логично, верувајте дека зачинетата храна всушност може да ве разлади.Лутите пиперчиња го потат организмот ,а како потта испарува така организмот се лади.Исто така преку лето се препорачува да се јадат помалку оброци на ден затоа што претерувањето со храна го поттикнува загревањето на организмот.

Вентилатор и вода –совршена комбинација

Вентилаторот помага при разладување но многу е важно да го поставите на вистинско место.Најдобро е да го ставите на подот , да го свртите на вертикала, а пред него да поставите сад со ладна вода кој ќе го забрза процесот на ладење.

Кремите треба да ги чувате во ладилник

Кремите и лосионите треба да ги чувате во ладилник.Изладената текстура благотворно делува на кожата и ја разладува, а најдобро е да ја нанесете веднаш по туширањето.

Апаратите за домаќинство дополнително ја загреваат температурата

Апаратите за домаќинство, дури и кога се на стенд бај,произведуваат топлина ,па затоа најдобро е преку лето да ги исклучувате од струја.На тој начин ќе го избегнете непотребното загревање на просторијата, а ќе заштедите и на електрична енергија.

Наместо сладолед,јогурт

Иако сладоледот е десерт кој се поврзува со лето ,дали сте знаеле дека истиот ефект на разладување го има и јогуртот.Тој содржи 85 проценти вода,а доколку сакате дополнително да се разладите јадете лубеница или ананас.

Витамините штитат од изгореници

Внесувајте витамини секојдневно.Тие го штитат телото од изгореници.Во тоа помагаат витамините Ц и Е кои го спречуваат оштетувањето на кожата.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.