Овулацијата е безболна за повеќето жени, но секоја петта ја чувствува како непријатност која може да варира дури и до повеќечасовна болка.

 

По предменструалниот синдром, тврдат докторите, на второ место по болност меѓу ,,женските проблеми,, е овулацијата. Процесот на ослободување на јајце-клетки од јајчниците поради можно оплодување, претставува фаза од менструалниот циклус кој се случува во пеосек еднаш месечно, се до менопаузата.

 

Болки во вид на прободување во пределот на јајчниците, болки во грбот или во карличниот дел на долнот дел од грбот се тегоби кои се јавуваат за време на овулацијата. Болките се јавуваат од левата или десната страна, во зависност од тоа кој јајчник ја испушта јајце-клетката. Ако болката потрае, треба да се посети гинеколог, со цел да се утврди причината. Кај некои жени болката не е локализирана на делот на едниот јачник, туку може да оди од половината до тртната коска се до препоните. Тогаш веднењето е невозможно, се јавуваат болки при седење, лежење, а вагиналниот исцедок е крвав.

 

Не постои лек или официјална метода за сузбивање на овој вид на болка, но некои стари начини, топли облози или капења секако се од помош. Лековите против болка исто така можат да помогнат. Ако тегобите не престануваат, се јави висока температура, задолжително е потребно да се направи консултација со доктор. Некои доктори препорачуваат јога вежби, токму за проблемите со женските органи. Народната медицина препорачува чаеви од мацина трева.

 

 

Синдром на полицистични јајчници

 

Многу од пациентиките во овој период се жалат и на болки во градите или во дигестивниот тракт. Причинина за овие проблеми е излегувањето, отекувањето и пукањето нафоликулите, грчење на јајцеводите или матката, со што се потпомага излегувањето на јајце-клетката.

 

Причина може да биде и постоењето на разновидни патолошки состојби во малата карлица, како што се функционални цисти – фоликуларни или цисти на жолтото телце. Освен тоа, болките може да предизвикаат ендометриоза, разни видови цисти на јајчниците, варикозитет на карлицата, задебелена капсула на јајчниците, разни хормонски нарушувања, воспалителни процеси на малата карлица и израстоци околу јајчниците.

 

Тагови: овулација
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина