Како да се препознае хиперактивноста кај возрасните?
Хиперактивноста на дефицит на вниманието е позната под името Attention deficit hyperactivity disorder (ADHD). Таа не е ограничена само кај децата. Според најновото истражување, од 30% до 70% од децата со ADHD имаат сиптоми и кога ќе станат возрасни. Исто така, постои можност за развој на ADHD кај возрасна личност која немала нарушување во младоста. Дополнително комплицира тоа што многу возрасни не сфаќаат дека дека имаат ADHD, па својата состојба секојдневно ја влошуваат.
Најчести симптоми или знаци на ADHD кај возрасните:
- доцнат во извршувањето на работата и на важни настани
- проблем во оддржување на вниманието – може да биде опасно кај возрасните во текот на возење
- проблеми во разделување на приоритетните задачи и неорганизираност
- проблем со концентрацијата за време на читање
- проблеми со самоконтролата кои можат да доведат до тешкотии во контролирањето на бесот, импулсивно однесување, како и потешкотии во однесувањето со сите
Возрасните со ADHD можат да развијат способност за хиперфокус. Тоа е состојба кога сите задачи или работи ќе се завршат, но проблемот е во тоа што секојдневните работи и задачи им се здодевни, па ги одложуваат за подоцна поради забавни активности. Но, не треба веднаш да се мисли дека ако имате проблем со концентрацијата тоа значи ADHD. Слабата концентрација може да биде знак за депресија, додека вознемиреноста може да укажува на нарушување на штитната жлезда или анкциозноста. Поради тоа е важно да се знае причината за ADHD.
Се смета дека тоа е нерамнотежа на хемикалиите во делот од мозокот задолжен за контролирање на вниманието. Не се знае со сигурност што ја предизвикува оваа нерамнотежа, но се претпоставува дека гените имаат значајна улога во тоа, како и претераната употреба на производи од тутун и алкохолот.
Бидејќи многу од возрасните не знаат дека имаат ADHD, додека состојбата не се влоши и прошири и на дијагноза на депресија и анкциозност, важно е ,,брзото дијагностицирање,, ADHD е честа причина за лошите навики и проблеми на работното место и во бракот.
За да даде потврда за нарушувањето, докторот разговара за тоа дали постои дијагноза во детството или се разговара со роднините дали се сеќаваат дека пациентот во младоста имале некаков проблем налик на хиперактивност или лоша концентрација и внимание.
Денес постојат и невропсихолошки тестови за откривање на ADHD. Тие подразбираат тестови за мерење на вниманието и вештината за решавање на проблемите. Невропсихолошките тестирања не се неопходни за дијагноза, но така може да се види како ADHD влијае на секојдневниот живот на поединецот.
ADHD најчесто се лекува со стимуланси, бидејчи тие можат да ги подобрат концентрацијата и вниманието. Ако стимулансите не помагаат, докторот може да препише антидепресиви.
Извршувањето на рабитата како и задржување на работното место може да биде тешко за оние со ADHD. Често се неодговорни и склони кон грешки.
Оние со ADHD можат да бидат проблематични и во односите во бракот. Нивната состојба ги отежнува обврските, родендените и годишниците, а честопати имаат и непредвидлив темперамент проследен со лошо однесување, што лесно може да доведе до разијдување, раскинување или развод.